Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (12-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (12-то продолжение)

 

Сиот свој гнев, Фаусто Кастењон го насобра во стисокот на својата тупаница која заврши во лицето на Енцо Анџели, кој ја загуби својата рамнотежа и се затетераве, замалку удирајки во каминот на библиотеката.
– Кој се замислуваш дека си, доаѓаш во моја куќа и ми се обраќаш со таков тон?
– Фаусто, не, – крикна Естер, прекривајкија устата со двете раце, плашејки се каков ѕвер станува нејзиниот сопруг кога ќе ја загуби контролата.
– Излегувај одовде! Оди по ѓаволите!

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 12 – „Уцена“

 

Сиот свој гнев, Фаусто Кастењон го насобра во стисокот на својата тупаница која заврши во лицето на Енцо Анџели, кој ја загуби својата рамнотежа и се затетераве, замалку удирајки во каминот на библиотеката.
– Кој се замислуваш дека си, доаѓаш во моја куќа и ми се обраќаш со таков тон?
– Фаусто, не, – крикна Естер, прекривајкија устата со двете раце, плашејки се каков ѕвер станува нејзиниот сопруг кога ќе ја загуби контролата.
– Излегувај одовде! Оди по ѓаволите!
Кога Енцо успеа да се додржи на нозе, почуствува крв во шуплината на својата уста.
Во просторијата дојде и Антенор, затечен од вревата.
– Потребен сум, газда?
– Изнеси го го овој никаквец од пред мои очи, Антенор!, – јасно му нареди Фаусто. – Не сакам да го видам повеќе! Носи го!
Сините очи на Енцо, полни со насобран гнев погледнаа во Фаусто пред да замине од просторијата. Кога останаа повторно сами, Фаусто и се обрати на својата сопруга, обвинувајки ја за настанатата ситуација.
– Свесна ли си што предизвикуваш, Естер? Дали си свесна што предизвикуваш?, – и го повтори прашањето, овој пат со многу повисок и неконтролиран тон.
– Фаусто, те молам смири се.
– Оди во својата соба. Не сакам да те видам!, – и појасни јасно, внесувајки го својот бесен лик во нејзината фаца.
Исплашена и потресена, Естер не размислуваше ни миг пред да ја напушти просторијата. Добро знаеше како може да кулминира бесот на Фаусто и најмалку сакаше одново да се соочи со ѕверот во него.

Алис Санта Марија, ја истресе пепелта од цигарата и со потсмев погледна во жената која стоеше крај неа на верандата.
– Дали ти ме уценуваш, Кристина?
– Само сакам пари во замена за мојот молк, тоа е се.
Алс не можеше да се воздржи и пакосно се закикоте. Седна на сламената фотеља, а таквиот нејзин акт само повеќе ја вознемири Кристина.
– Немојте да се смеете. Ако не ми платите, Кастењонови ќе дознаат какви вкусови дели госпоѓицата.
– Не би се осмелила…
– Мислите? Уште сега ќе одам да разговарам со дон Фаусто.
Кристина направи чекор кон влезот на хациендата, но Алис ја задржа цврсто зад подлактицата. Беше подготвена да преговара.
– Во ред. Но, немој да мислиш дека туку така ќе ти ги дадам моите пари. Ќе мораш да ми дадеш нешто во замена, – јасно и потенцираше.
– Прво да видиме колку нудите. Ќе ве чекам, – рече Кристина, подигнувајки и ја брадата во нејзина висина.
Кога италијанката ја напушти верандата, Алис потегна нов дим од цигарчето, среќна за успешната соработка.

Марија Грација затопли тенџерче со камилица на огништето во кујната, откако Антенор го доведе нејзиниот брат Енцо со обилна модринка околу устата.
– Можеш ли да ми кажеш што бараше во куќата, фратело?, – го праша, откако натопи една облога со чајот од камилица и истата ја стави на модринката.
– Бев да кажам дека си одам. Сакав да се збогувам.
– Да, но кога си видел дека газдите се расправаат, си требал да ја подвиткаш опашката и да си заминеш без збор.
– Не можам да гледам кога некој маж малтретира жена, сорела.
– Твојот брат откако дојде ни донесе само проблеми, – се замеша Антнеор, џвакајки туктун, потпрен со едната нога и грбот на дрвениот столб.
– Замолчи и оди си кај твојата пријателка а мене остави ме насамо со брат ми, – му дофрли Марија Грација.
Антенор не се двоумеше ниту за миг, ја зеде својата шапка која висеше на еде клинец и ја напушти врелата кујна.
Марија Грација клекна до својот брат, ја зеде неговата рака и рече;
– Мораш да ме сослушаш, фратело. Ова е сериозно.
– Веќе те послушав, Марија Грација и затоа си одам.
– Тоа е најдобрата одлука која можеше да ја донесеш. Само да не го разбудиш ѕверот во дон Фаусто.
– Јас не се плашам од твојот газда. Кога така тирански се однесува кон својата жена, кој знае како ли се однесува кон тебе.
– Ах, фратело, – крикна италијанката и цврсто ги замота своите раце околу градиот кош на својот брат. – Колку и да ми се кине душата, најдобро за тебе е да го напуштитш Темпестад. Оди си одовде што порано.

Естер седеше на пространиот кревет во брачната соба, бришејки ги солзите со шамивче, на местото кое честпати беше нејзини прибежиште од малтретирањата на Фаусто. Овој пат проблемот го сподели со својата роднина Лукреција, на која наиде расплакана во ходникот.
– До кога ќе дозволуваш твојот сопруг да прави со тебе се што ќе посака, Естер?
– Можеби јас сум виновна што го предизвикав сето ова. Не требаше да му противречам.
– Но, како можеш да кажеш нешто такво?
– Ако ги прифатев со добра волја книгите кои тој ми ги препорача, ништо од ова немаше да се случи.
– Естер, тоа што си жена не значи дека мораш да се потчинуваш на секоја заповед на Фаусто. Фаусто Кастењон не е твој Господар!
– Кога се омажив за Фаусто, му ветив дека ќе ја има сета моја почит.
– Едно нешто е да го почитуваш, а сосема друго е да бидеш негова марионета. Немаш зошто да го трпиш. Почнувам да мислам дека го живееш својот живот како робинка, како затвореничка на оваа голема хациенда.
– Не е така, – Естер чуствуваше потреба да ја негира својата роднина, иако длабоко во себе беше свесна дека таа ја говори вистината. – Јас сум среќна жена, жена која го љуби својот сопруг и ќе те замолам, Лукреција, овој разговор да заврши тука. Остави ме сама, те молам, не ми е до муабет.
Лукреција веднаш ја напушти собата, беше свесна дека е одвишок во тој момент, дека нејзините совети се залудни, па излезе без збор.

Фаусто удри со дланката во дрвеното биро пред себе, штрекнувајкија Антониета за миг, која беше приустна во библиотеката откако го послужи својот господар со кафе.
– Но, како може тој имбецил да си дава такво право и така да зборува со мене?
– Јас разбрав дека сакал да се збогува со Вас, – мирно рече Антониета.
– Не ме интересира.
Нивната дискусија беше прекината кога некој затропа на затворената врата. По дадената дозвола од Фаусто, во просторијата влезе Марија Грација, со спуштена глава и покорен поглед.
– Што сакаш, Марија Грација?, – дрско ја праша Антониета, како посредник помеѓу слугинката и својот газда.
– Дојдов да зборувам со газдата.
– Не сега, Марија Грација, дон Фаусто е зафатен.
– Сакам да зборувам за мојот брат Енцо, – рече италијанката.
– Остави не насамо, Антониета, – рече Фаусто кој одеднаш се претвори во уво. – Оди и кажи и на мојата сопруга да го постават ручекот.
Домарката погледна гневно во слугинката пред да ја напушти библиотеката.
– Газда…дојдов да ви кажам дека Енцо рано наутро си оди од куќава. Најмалку што сака е да Ви пречи.
– Веќе го стори тоа.
– Само затоа што е наивен, – го бранеше неговата сестра. – Дојдов да Ви се заблагодарам за тоа како добро се однесувате кон мојата фамилија. Најмлаку што сакам е да покажам непочит или да се мешам онаму каде што не ми е местото. Газда, Ве молам простете му, – очајно додаде Марија Грација, клекнувајки на колена пред Фаусто.
– Го сакаш многу својот брат?, – ја праша Фаусто, гледајки ја одозгора.
– Многу, дон Фаусто.
– И што си подготвена да сториш за да заборавам на непочитта на твојот брат Енцо?
– Се што сакате, газда, – по краток молк одговори слугинката.
– Таква те сакам, – рече тој и го откопча патентот на своите панталони.
Марија Грација беше во идеална положба, клекната пред него за да го задоволи како што тој сакаше. Жената ги собра своите усни, ги затвори очите и го стори бараното…како и секогаш.

Енцо веќе ги пакуваше своите работи за дај анапушти хациендата која му остави горчливо-сладок вкус во деновите кои беше тука. Во еден миг забележа нечија сенка и кога ја подигна главата ја забележа сопругата на Фаусто Кастењон како стои пред него. Беше убава како икона, помисли. Секој маж би бил горд на таква жена, секој маж би чувал таква жена како капка роса…
– Госпоѓо Естер.
– Енцо…Знам дека не ми е тука местото, но дојдов да се извинам за однесувањето на мојот сопруг.
– Не, извинете Вие за тоа што се случи, но не можев да премолчам…
– Си одите? – го праша таа, кога погледот и падна на отворенио куфер на креветот.
– Да. Рано наутро.
– Тогаш…Ви посакувам се најдобро, – рече таа и направи чекор да ја напушти собата, но во последен момент, Енцо ја сопре.
– Госпоѓо Естер…
Таа се насмевна. Стоеше така завртена со грб кон него и задоволна насмевка на лицето.
– Да.
– Смеам ли да Ве прашам нешто?
– Да, – потврди таа кога се заврте кон него. Неговите светли очи гледаа во неа како најсјајната ѕвеезда на небото.
– Дали нешто Ви значеше она што се случи меѓу нас?

продолжува во понеделник…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!