1999 година – вечерна серија на Телма за тинејџерските авантури
Далечната 1999 година, телевизија Телма ја емитуваше американската тинејџерска серија “Гимназија – Слатка долина”. Многумина од вас можеби и ќе се присетат на оваа тин сапуница во 88 продолженија која ни го прикажа животот на тинејџерите во гратчето Слатка долина во Америка.
Во центарот на настаните беа близначките Елизабет и Џесика, кои многумина ги знаеја како мирната и бунтовната сестра од “Гимназија Слатка долина”.
Сите згоди и незгоди на средношколците во Слатка долина беа поврзани токму со двете сестри близначки, кои го привлекоа вниманието на гледачите.
19.45 часот беше терминот на оваа серија на Телма, а во продолжение погледнете интересен исечок од тогашното списание “Екран” во кое ја најавуваа серијата.
Дани | ТВ Пакет