Почетна / Живот / 12 години без Ѓорги Колозов, се сеќаваме на царот…

12 години без Ѓорги Колозов, се сеќаваме на царот…

 

Денеска навршуваат 12 години од смртта на еден од најистакнатите македонски актери, Ѓорги Колозов. Со него растевме покрај малите екрани, со него учевме што е добро, а што не, со него се смеевме, ликот кој ни ја топлеше душата повеќе од една деценија не е помеѓу нас. Останаа само старите добри Македонски приказни кои со мислите не враќаат во безгрижното детство. 

 

 

Тој е еден од најпознатите актери во Македонија, а најзапаметен е по своите извонредни толкувања во разник типски ликови од народно творештво како цар, селанец, па дури и како Господ. Уживаше популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот. Роден е на 26. февруари во 1948. година, а почина на 13. октомври во 2003. година. Беше во брак со легендарната актерка Шенка Колозова која често го делеше сетот заедно со својот сопруг. Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска телевизиска серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!