Сто дваесет и второ продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
– Домот на фамилијата Валенсија, повелете.
– Кој е? Маргарита, поврзи ме со Марија Клара те молам, – рече Алехандро од другата страна на линијата.
– Госпоѓата не е дома, – излажа девојката. – Замина во Европа со нејзината тетка, – беше првото што и падна на памет.
– Во Европа? Како во Европа? Не ме лажи, Маргарита.
– Ти ја кажувам вистината, Алехандро…Така ми кажаа.
– Сношти зборував со Алтаграсија и ми кажа дека заминале во Веракруз на лекар и дека се враќаат доцна. Каде е Фабијан?
– Не знам.
– Тогаш кој ти кажа дека се во Европа?
– Адвокатот. Ми потврди и госпоѓа Марија Клара.
– Марија Клара не ти го кажала тоа. Кажи му на твојот шеф дека кога ќе се вратам во Мексико ќе има многу нешта да ми објасни.
– Во ред, сега имам многу работа, догледање, – рече девојката и ја спушти телефонската слушалка.
– Кажа ли кога се враќа?, – ја праша Фабијан.
– Не.
Естер сеуште спиеше, додека Лусија веќе излегуваше од под туш, кога заѕвоне телефонот на бирото и појде да одговори. Беше Артемио.
– Ало?!
– Лусија, дали си ти?, – од другата страна на линијата дрско ја праша Артемио.
Но Лусија не беше свесна дека Естер од спалната соба ја имаше кренато слушалката истовремено и го преслушкуваше разговорот.
– Те барав насекаде? Зошто си го исклучила мобилиот? Зошто не ми се јави?
– Останав со Естер. Сеуште спие.
– Смачено ми е што сум опкружен со имбецили како вас кој не знаат да си ја завршат работата, – урлаше Артемио.
– Што се случило? Зошто си нервозен?
– Имбецилот Антолин не успеал да го убие Фабијан како што планиравме. Несреќникот некако успеал да се извлече.
Естер одвај можеше да поверува во тоа што го слуша. Одеднаш заборави на мамурлокот и главоболката.
– Значи Фабијан е жив?, – праша Лусија.
– Успеа ли барем да ги најдеш доказите кои ги има Естер? Тоњо не успеал да најде ништо.
– Не, не успеав да најдам ништо. Можеби и не ги земала како што мислиш.
На Естер и олесна кога го слушна тоа. Не можеше да разбере зошто Лусија ја штити, но и беше драго поради тоа.
Клеменсија влезе во собата на Марија Клара со појадок во послужавник и свежо исцеден сок од портокал.
– Како си, небо мое?
– Лошо. Немам волја за живот, – исцрпено одговори младата жена.
– Зошто гледаш негативно на животот, небо мое? Во животот има толку убави нешта за кои вреди да се живее.
– Можеби. Но мене животот ме поштедува од убавите нешта и само ми носи трагедии.
– Така зборуваш бидејки си слаба. Но, кога ќе опоравиш…
– Не тетко. Размислив добро. Откако почина дедо се се промени. На лошо. Дознав дека ја убиле мојата сестра, потоа дознав дека мајка ми се откажала од мене бидејки сум била болна, бракот со Фабијан ми остави горчилв белег, ги убија моите коњи, умре дон Балдомеро кој ми беше како втор дедо, умре моето бебе…Не сакам повеќе трагедии. Единственото убаво нешто кое го имам е Алехандро. Зошто не ми се јавува?! Подај ми го телефонот, тетко.
Клеменсија немаше избор освен да и го даде телефонот на внуката. Марија Клара го заврте бројот кој го знаеше напамет, но по долго ѕвонење не доби одговор.
– Чудно, – рече откако ја спушти слушалката. – Не се јавува. Подоцна ќе го побарам пак.
Алехандро седеше на терминалот на аеродромот во Порторико, чекајки да го најават летот за Мексико кој го чекаше. Во меѓувреме, телефонски ја побара Дијана.
– Дијана, Алехандро е. Ти се јавувам да ти кажам дека се враќам во Мексико.
– Во Мексико?, – изненадено го праша таа, седејки зад бирото во својата ординација.
– Да. Утрово ја побарав Марија Клара и ми кажаа дека заминала во Европа. Сигурен сум дека нешто се случило. Или ја одвеле на сила, ако е навистина одведена или ме лажат. Јави се и ти, ќе видиш дека ќе ти го кажат истото.
– Имам подобра идеја, – рече Дијана. – Ќе ја побарам Висента. Го имаш бројот од пансионот?
Додека појадуваа, Естер ја праша Лусија дали ќе се врати во Мексико Сити.
– Да, се враќам денес. Имам некои обврски кои морам да ги завршам..
– Лусија, зошто не му кажа на Артемио дека знаеш дека ги имам доказите тука?, – Естер отворено ја праша. – Те слушнав кога зборувавте по телефон. Слушнав дека сакале да го убијат и Фабијан. Сфаќаш ли сега каков гад е Артемио? Ако не работиш за него, одма бара начин да те елиминира. Истото ќе го стори со мене и со тебе еден ден.
Ваквите зборови ја замислија Лусија.
– Во секој случај, ти благодарам што не му кажа, – додаде Естер.
– Морам да одам, – рече Лусија откако ја допи шољата со кафе.
– Се гледаме…
Откако Лусија замина, Естер посегна по телефонот.
– Ало, Маргарита. Поврзи ме со брат ми.
Долго ѕвонеше телефонот во пансионот, кога Лоренсо полумокар излезе од бањата за да одговори на повикот.
– Ало?! Не, Висента не е дома, замина по намирници. Секако дека ќе и ја пренесам пораката, докторке. Догледање.
Лоренсо ја спушти слушалката и се врати назад во бањата, несвесен дека зад столбот стои Матилде и го преслушкува разговорот.
Висента го подготвуваше ручекот во кујната, кога дотрча Матилде.
– Некој те бараше на телефон и твојот сакан Лоренсо кажа дека не си дома.
– Што зборуваш?, – збунето Висента ја праша својата ќерка.
– Ова е само доказ дека Лоресно е со тебе поради парите кои јас ќе ги наследам од мојот татко, – додаде Матилде и ја напушти кујната. Висента гледаше збунето во празно.
Попладнето, во својата пространа канцеларија со панормаски поглед, Рубен ја пречека Лусија, која имаше закажано средба со него.
– Како си ми, Луси?, – ја праша кога ја пречека. – Седни,те молам.
– Благодарам, дон Рубен.
– Кармен ми кажа дека сакаш итно да зборуваш со мене, па морав да ги одложам утринските состаноци за да те сослушам.
– Ви благодарам, дон Рубен. Дојдов да зборувам со вас за Артемио. До скоро не знаев дека татко ми пред да почине побарал од Артемио да ми остава процент од заработувачката.
– Зарем Артемио не го сторил тоа?
– Не, – потврди Лусија.
– Тоа не е во ред. Ние мораме да се почитуваме меѓусебно. Ако не се држиме едни со други како ќе соработуваме заедно?!
– Дон Рубен, не сакам Артемио да знае дека сум зборувала со вас.
– Не грижи се, Луси. Јас ќе го решам проблемот онака како што мсилам дека треба да се реши. Артемио стана премногу независен. Јас немам против што си има бизнис на страна, се додека не не замеша. Знам дека имал проблем со братот на Естер. Дали е решен проблемот?
– Не.
– Зошто? Веќе одамна му реков да стави крај.
– Бидејки е очаен да ја придобие љубовта на ќерката која неодамна дозна дека ја има.
– Ќерка?!
Истовремено, Матилде го посети Артемио во неговиот апартман во хотелот.
– Влези, ќерко. Сакаш да се напиеш нешто?
– Не, благодарам. Дојдов бидејки сакам да пратиш луѓе кои ќе го следат Лоренсо Сантиљан.
– Што направил тој човек?
– Сака да се ожени со мајка ми. А бидејки знае дека ми оставате дел од наследството, можеби сака да биде со неа од интерес.
– Кога сме кај моето наследство, што реши? Нотарот чека. Освен тоа мораме да одиме во банка да отвориш сметка на која ќе ти пуштам месечен надомест. Те молам, Матилде, зошто толку недоверба? Зошто таква одбивност кон мене? Твоето одбивање ме боли, ме повредува.
– Не е тоа…само ми е срам да прифатам ваши пари.
– Нема што да се срамиш. Ти си моја ќерка, – рече тој и ја зеде во прегратка. – Никогаш нема да се покаеш ако ме прифатиш.
За време на вечерата во пансионот, Матилде сеуште не беше вратена, а Крисанта најави дека ќе вечера на хациендата кај Алтаграсија, па Висента ја искористи приликата што е насамо со Лоренсо и му спомна за она што и го кажа Матилде.
– Мојата ќерка ми кажа дека утрово ме барал некој на телефон, а ти си кажал дека не сум дома.
Лоренсо повлече голтка од чајот, зеде длабок здив и рече:
– Да, те бараше Дијана Салдивар. И кажав дека не си дома бидејки не ми се допаѓа таа жена. Не сакам да бидеш блиска со неа.
– Зошто? Таа е единствената која може да ми помогне.
– Прости, но јас немам доверба во неа, Висента. Не ми се допаѓа кога жените флертуваат со мажи кои имаат обрски со друга жена.
– И со кого флертувала Дијана?
– Со мене, – излажа Лоренсо, знаеше дека Висента ќе ја прифати лагата. – Што мислиш, зошто одеднаш почна да те посетува?
– Насвитина?
– Немам зошто да те лажам.
Во кујната влезе Матилде.
– Мораш да потпишеш кај нотар дека Артемио Сантибањез ми е татко, – и рече на Висента.
– Никогаш!, – одби жената. – Никогаш!
Фабијан влезе во собата на Клеменсија, откако старицата го беше повикала својот зет на разговор. Она што го изненади Фабијан кога влезе во собата беше присуствто на Алехандро, кој мирно седеше на фотељата.
– Фабијан, те повикав овде бидејки сакам да разговарам со тебе и господиното Молина, – рече Клеменсија.
– Не знаев дека се вратил, – рече Фабијан, сеуште гледајки изненадено во својот ривал.
– Како што гледаш, овде сум, – ноншалантно рече Алехандро.
– Сакам сите искрено да зборуваме, – додаде Клеменсија. – Тројцата!
Уште само 8 продолженија до крајот!
LucasScott | ТВ Пакет