Почетна / Вебновела / Црвена месечина 128

Црвена месечина 128

Сто дваесет и осмо продолжение од вебновелата “Црвена месечина”


 

Шоферот ја остави Клеменсија на бараното место. Околу неа имаше само хектари дрва и шума во недоглед. Но, тоа беше местото каде што ја побара Висента да се видат. Висента излезе на патот.
– Госпоѓице Клеменсија, ви благодарам што дојдовте.
– Вашиот телефонски повик ме вознемири, Висента, што се случило? Зошто побаравте од мене да се најдеме во оваа недојдија?
– Зборував со Артемио и му кажав дека знам се. Му се заканив да ја остави Матилде, во спротивно дека ќе кажам се што знам за него. Но, не верувам дека ќе падне на моите закани. Сигурна сум дека ќе најде начин да ме убие.

По случувањето во колибата, Фабијан дојде кај Естер и со растреперени раце наполни скоч во една чаша со мраз.
– Мислиш ли дека вреди да се убие Артемио?, – го праша Естер која немаше претстава за случувањето во колибата. – Можеби е подобро да побегнеме, некаде далеку…Или најдобро е да направиме коалиција со Алехандро. И тој сака да го убие Артемио.
– Те молам, Естер, како можеш да помислиш?! Не би склучил пакт со тој човек ни да е последното нешто што треба да го направам.
Во меѓувреме, Алехандро го сопре своето возило пред куќата на фамилијата Монтеро. Со брзи чекори влезе низ капијата и се упати кон влезната врата. Беше отворено и влезе без дозвола. Го забележа Фабијан покрај шанкот, пријде до него и без збор му замавна силна тупаница што Фабијан лесно падна на подот.
– Што ти е, Алехандро? Дали си луд?, – го праша Естер.
– Доаѓам од ординацијата на лекарот кој ја следеше бременоста на Марија Клара. Само болен човек како тебе можел да каже таква лага!
– Алехандро, остави го!, – молеше Естер додека Алехандро безмилосно удираше со нозете по превитканото тело на Фабијан.
– Ти не се мешај!, – рече гневно пред да ја напушти просторијата.

Марија Клара читаше роман во својата соба, кога влезе Имледа со плико во рацете.
– Пристигна писмо за вас, госпоѓо. Од хотелот.
– Од хотелот?
– Не пишува кој го пратил. Момчето ми рече да ви го дадам директно вам.
– Ти благодарам, Имледа, – рече Марија Клара гледајки во жолтото плико. Кој би можел да и прати писмо од хотелот, се прашуваше.
– Ќе заборавев, – додаде слугинката. – Господинот Алехандро штотуку се врати, ве чека во салонот.
– Зошто не ми кажа веднаш, Имледа?, – радосно крикна младата жена, изрипа од креветот, го стави писмото помеѓу страниците на книгата, ја остави истата на масичката и истрча вон собата.
Трчаше по скалите, се до салонот каде што во прегратка ја пречека Алехандро.
– Здраво, љубов моја. Имам одлична вест за тебе, – и рече помеѓу бакнежи. – Се видов со докторот Ларасабал.
– Докторот кој ме прими по несреќата?
– Истиот. Кога ми кажа дека нема да можеш да имаш повеќе деца, ми дојде сомнеж дека можеби тоа е уште една лага на Фабијан. И моите сомнежи биле вистинити.
– Фабијан ме излажал?, – праша Марија Клара.
– Можеш да имаш деца како и секоја нормална личност, – рече тој и цврсто ја зеде во прегратка.
– Што се случува овде?, – праша Клеменсија која со Дијана влезе во салонот.
– Погодете што?, – низ насмевка им се обрати младата жена.- Алехандро разговарал со докторот кој му кажал дека можам да имам деца.
Клемеснија не можеше да поверува. Додека жените ја делеа радоста, Алехандро се тргна настрана бидејки доби непознат повик на својот мобилен телефон.
– Ало?!
– Алехандро Молина?!
– Да, јас сум.
– Морам да зборувам со вас. Што велите за вечерва, во девет, на терасата на хотелот?
– Кој е таму?, – збунето праша Алехандро.
– Таткото на Сесилија, Армандо.

Во ресторанот на хотелот, детективот Меркадор разговараше со Карлос за време на вечерата во врска со истрагата која ја водеше.
– Овдешниот инспектор, Лазаро Торес, верува дека ја водиме истрагата на погрешен пат. Дека овде нема да најдеме ништо.
– Не можете да кренете раце така лесно, – избувна Карлос. – Платени сте да си ја вршите својата работа.
– Да, но Торес вели дека господинот Сантибањез и господинот Монтеро се влијателни личности и подобро да не ги мешаме во случајот. Се плаши дека може да ја загуби работата.

Истовремено, на друга маса во хотелот, вечераа Артемио и Лусија.
– Во колку и закажа средба?, – ја праша тој откако повлече голтка од питкото шардоне.
– Во десет, – одговори таа.
– Не можам во десет. Подобро премести го состанокот за попладне, нека биде во шест.
– И нема ли да одиш на отварањето на клубот?
– Затоа и ти велам. Ќе морам да бидам присутен таму. Што бара овој човек повторно тука?, -Артемио ја праша Луисја кога погледот случајно му падна на масата каде што вечераше Карлос.
– Тоа не беше човекот кој се преправаше како Алехандро Молина?, – праша Лусија. – Загрижен си?
– Само се плашам дека може да и го замати умот на мојата ќерка со глупавите идеи.
– Артемио, сакам да ти предложам нешто. Знаеш дека немам никого а ти си покрајмене целиот живот. Ми беше татко, пријател, љубовник…
– Премини на главното, Лусија. Немам цела вечер за тебе.
– Сакам да ти бидам жена, – предложи таа.
– Не биди смешна, – цинично одби тој.
– И онака секојдневно сме заедно. Не би ми пречела твојата ќерка ако еден ден одлучи да живее со нас. Само сакам да бидам со тебе…Не знам дали сфати до сега, но вљубена сум во тебе, Артемио.
Тој потегна уште една голтка од шардонето. Чуствуваше како грлото му е суво а и предлогот на Лусија го заморуваше.
– Размисли, Артемио. Не барам ништо за возврат, дури ни парите од татко ми.
– Не грижи се, ќе ги добиеш парите. Но, мислам дека дојде време јас и ти да расчистиме. Навистина жалам. Не те сакам повеќе во мојот живот.
– Зошто? Бидејки се плашиш дека можам да и наштетам на твојата ќерка? Бидејки не сум чиста пред законот? Таква сум бидејки ти ме направи таква.
– Немам повеќе трпение да те слушам, – рече тој и стана од масата. – Од утре веќе не сакам да те видам. Дали сум јасен?
Артемио го напушти ресторанот. Лусија почуствува како и наидуваат солзи, но не сакаше нејзината женска страна да ја предаде. Мораше итно да прејде на акција. Го извлече телефонот од чантата и заврте еден број.
– Добра вечер, можете ли да ме поврзете со Матилде?
– На телефон, – рече девојката од другата страна на линијата.
– Господин Молина сака да зборува со вас.
– Можете да му кажете дека утре ќе одам на Ла Луна да ја видам Маргарита, таму можеме да се видиме.
– Договорено.
– Простете, но која сте вие?
– Неговата секретарка, – одговори Лусија и ја прекина врската.

Алехандро слезе од такси возилото пред хотелот Реал дел Монте, кога заѕвоне неговиот мобилен телефон.
– Господине Молина?!, – беше Лусија.
– Да.
– Сакам да ве известам дека рано изутрина, неколку шлепери ќе бидат истоварени на Ла Луна по наредба на Артемио Сантибањез.
– Какви шлепери?, – праша Алехандро но врската се прекина.
Лусија го забележа како влегува во хотелот и го исклучи телефонот за да не падне сомнежот на неа. Алехандро се упати кон лифтот, го притисна копчето за да биде одведен до третиот кат каде што се наоѓаше терасата. Кога слезе од лифтот се упати по скалите кои водеа до кровот на хотелот. Таму, во темен мантил го чекаше професорот со вперено оружје во него.
Ноќта беше мрачна а воздухот беше влажен.
– Што правите?, – Алехандро праша, обидувајки се да ја смири ситуацијата.
– Вие сте бесрамник Диего Луна, или Алехандро Молина како и да ви е името. Ќе ве убијам без милсот бидејки немавте мислот за мојата ќерка и детето кое го носеше.
– Дон Армандо, ве молам спуштете го оружјето.
– Не!, – вилицата на професорот се тресеше. – Ќе ве убијам а потоа ќе се пријавам доброволно. Ќе лежам во затвор но ќе леажм во мир занејки дека убиецот на мојата ќерка не е жив повеќе.
– Јас не ја убив Сеси, дон Арамандо.
– Лажете! Јас бев наивен што не и верував на мојата ќерка кога ми кажа дека спиела со вас. Кога дознав дека чека дете, сфатив колку грешев што не ја заштитив. Можев да и помогнам но таа поегна од дома барајки ве вас…сакаше само да ја сподели среќата со таткото на своето дете. А што направивте вие? Ја удавивте заедно со детето кое го чекаше! Вашето дете!
Професорот беше подготвен да пука. Го повлече чкрапалото но Алехандро беше брз како ветер. Изрипа врз професорот и куршумот испука во празно. Започнаа борба за оружјето, далеку од сведоци и лица. На крајот битката ја доби Алехандро. Успеа да го извлече оружјето од рацете на професорот и пукаше директно во неговите гради. Уште два метака повлече. Професорот падна мртов на влажниот хотелски кров. Алехандро погледна околу себе, го смести револверот во својот мантил и ноншалантно се упати кон скалите кои водеа кон катовите на хотелот. Сведок на злосторството беше само црвената месечина која ја осветлуваше мрачната ноќ.

Утрото беше дождливо и сиво. Маглата одвај се издигаше над селото иако сонцето веќе беше одамна изгреало. Висента го подготувуваше појадокот, кога во кујната слезе Матилде.
– Слезе да појадуваме, мила?
– Не, мамо. Ќе одам да се видам со Алехандро. Изгледа дека сака да зборува со мене.
– За што?
– Не знам. Подоцна ќе останам да се видам со Маргарита. Благослови ме.
– Оди со името на Бога, ќерко, – Висента ја благослови својата ќерка и топло ја прегрна. – Чувај се.
Кога Матилде замина од кујната, по кратко влезе Крисанта со ужасната фаца.
– Што се случило, Крисанта? Каква е таа фаца?
– Ново злосторство во селото, Висента.
– Кој умрел сега?, – праша Висента, чуствувајки како нозете и се пресекуваат.
– Утрово во хотелот е најднено тело. Убиен е човек кој бил гостин во твојот пансион, Висента!
– Професорот?, – крикна жената. – Не е можно, требаше да се најде со…
Висента одеднаш се сети на зборовите на професорот:
– Мојата ќерка била убиена, доња Висента. Колку сакаат нека зборуваат дека си го одземала животот во очај, јас сум сигурен дека тој човек, Диего или Алехандро ја има убиено за да не ја прифати одговорноста дека мојата ќерка носи негово дете.
– Висента, Висента дали ти е добро?, – Крисанта загрижено ја праша кога Висента почна да пребледува.
– Нема сомнеж, Крисанта. Алехандро Молина го има убиено.
Кристана стаписано гледаше во Висента.
– Тоа не е страшното. Матилде отиде да зборува со тој човек, Крисанта! Морам да ја спречам!
Висента истрча од кујната. Трчаше не гледајки околу себе. Излезе од пансионот и погледна лево и десно. Немаше ни трага од Матилде.

Лусија седеше во својот автомобил, не многу далеку од капијата на хациендата Ла Луна. Беше паркирана на место каде што можеше да забележи кога ќе пристигне Матилде. Кога ја забележа девојката како спокојно чекори по патот кој водеше до куќата, од својата чанта извлече инјекција која беше претходно припремена, излезе од автомобилот и пред Матилде да успее да се заврти почуствува игла во својот врат и брзо ја загуби свеста. Немаше време ни да се бори. Кога забележа дека е во несвест, Лусија ја одвлече до автомобилот и ја смести на задните седишта…

Уште само 2 продолженија до крајот!




LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!