Почетна / Телевизија / Пинк ги исфрли сите Македонки од шоуто на ѕвездичките

Пинк ги исфрли сите Македонки од шоуто на ѕвездичките

 

Мина и Драгана не се повеќе дел од “Ѕвездичките”

 

Македонија без свои учесници во полуфиналните и финалните емисии на талент шоуто “Ѕвездичките на Пинк”. Во првата сезона, македонскиот талент Трајче го освои второто место од натпреварот, а истиот успех го постигна и Мартија во ланската сезона. За жал, оваа сезона, ниедна наша кандидатка не успеа да се пласира во финалните емисии.

 

 

На што се должи тоа? Александра беше исфрлена пред неколку емисии, а во последната емисија и преостанатите две кандидатки, Драгана и Мина, го напуштија натпреварот по одлука на жирито. Во дуелите, Мина ја пееше “Čija je ono zvijezda” од Чола, а Драгана познатата “Kada sanjamo” од Пилоти.

 

 

 

Читателите на нашиот сајт и форум прашуваат – дали Драгана и Мина ќе отпаднеа сега доколку Сител го емитуваше шоуто? Дали Македонците најмногу гласаат во финалните емисии и затоа нашите деца се секогаш во првите места? Дали со тоа што Пинк оваа година нема да има гласачи од Македонија влијаело на тоа да ги тргнат македонските девојчиња од шоуто?

 

 

Во секој случај, ТВ Пакет им посакува среќа и успех на Мина и Драгана во натамошната кариера, затоа што ова е само почеток на една голема приказна за нив и за сите нас. Ја немаа среќата да ја достигнат популарноста на нивните претходници, затоа што поради забраната од ЗАМП, Сител беше приморана да го отстрани шоуто од тв програмата. Девојчиња, не се откажувајте никогаш. Животот е пред вас, а музиката нека биде секогаш во вашите срца.

ТВ Пакет продолжува да ги поддржува и да пишува за сите наши идни надежи и потенцијални ѕвезди.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!