Почетна / Сапуници / Актерката Жаклин Бракамонтес од бринета стана блондинка

Актерката Жаклин Бракамонтес од бринета стана блондинка

 

Марибел од “Руби” со промена во фризурата

 

 

Мексиканската актерка и мисица Жаклин Бракамонтес го промени својот имиџ. Од бринета стана блондинка. Taa својата фризура му ја довери на Габриел Самбра, кој пред извесно време ја промени бојата на косата и на Маите Перони.

– Жаки имаше потреба од промена на имиџот, по породувањето. Идејата на оваа промена е како реинкарнација за неа. Секоја жена има потреба да се почувствува женствено и привлечно по породување. Русата коса е еден од начините за тоа – кажува стилистот.

 

 

Жаки е задоволна од својот нов изглед, а со сопругот Мартин Фуентес неодамна ја добија својата четврта ќерка, Рената.

Оваа промена се случува откако дневните медиуми во Мексико излегоа со папараци фотографии во кои нејзиниот сопруг е во друштво на непозната жена. Жаклин јавно не изјаснува никаква љубомора за тоа, а не покажа ни кога се појавија слики од Мартин без кошула во друштво на две непознати девојки. За таа слика, нејзиниот маж објасни дека се работи за ергенска забава на пријател и дека нема ништо чудно и сомнително во тоа.

 

 

Жаклин Бракамонтес за македонската публика е позната по главните улоги во “Руби”, “Љубовни рани”, “Наивната невеста” и “Магична привлечност”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!