Почетна / Телевизија / Известување | Емисијата „Скај Селекшн“ засега нема да се емитува

Известување | Емисијата „Скај Селекшн“ засега нема да се емитува

 

Забрана за македонска музика на медиумите

 

Најдолготрајната музичка емисија во Македонија, “Скај Селекшн” нема да продолжи со емитување на 24 Вести, засега. Продукцијата на емисијата се обрати до своите гледачи и гласачи :

“Драги следбеници, гледачи, гласачи! Со голема жал ве известуваме дека оваа недела, а можеби и наредните нема да ги исполниме вашите екрани со забава, позитивна енергија и македонска музика затоа што авторите ни забранија. Ние сме подготвени да го продолжиме дружењето со вас и поддржувањето на македонската музика кога ќе решат и тие самите да се поддржат.

 

 

Причината е јасна – забраната која ја издаде ЗАМП до македонските медиуми да не емитуваат македонска музика. Освен преку оваа емисија, македонска музика изминативе денови не се емитува ниту на останатите македонски телевизии и радија. Но, затоа промовирање на српска музика преку српските шоу програми продолжува и понатаму, без прекин.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!