Недела, 25 март, Сител телевизија, веднаш по “Судбините од животот”
22 април, 1992 година. Во Халиско во државата Гвадалахара во Мексико се случи голема катастрофа кога во серија на експлозии во канализациониот систем погинаа над 240 луѓе. Над 1500 останаа без своите домови, над 1000 беа повредени, а над 500 исчезнати.
Целосната материјална штета која го уништи градот се проценува до 1 билион долари. Пред катастрофата, жителите на Гвадалахара се жалеле на остар мирис на гас од канализациониот систем, па дури и бел гас излегувал од водоводните и канализационите цевки. Сепак, градските власти не сметале дека е нешто ризично и страшно за да би ги евакуирале граѓаните.
Сепак… се случила голема несреќа, многу експлозии кои резултирале со голема паника и немир во Мексико. Што доведе до оваа несреќа? Што покажа истрагата, а што се случило на неколку секунди пред и по катастрофата? Пеколот во Гвадалахара ќе биде прикажан во тв документот “Секунди пред катастрофата” на Сител во недела, во 22 часот.
Дани | ТВ Пакет