Авалон со гордост најавува голем настан ова лето
Познат е финалниот line-up за четиридневниот фестивал “SKOPJE CALLING 2018”. Фестивалот го отвораат Axwell and Ingrosso на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат Morcheeba, а како специјално изненадување доаѓа големата француска атракција Nouvelle Vague, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер.
На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- Тexas, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и Дарко Рундек со неговиот бенд.
Фестивалот се затвора со последната голема ѕвезда на електронската музика, Alan Walker, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.
Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија.
ВАЖНО: Сите оние што имаат купено влезници за ALAN WALKER за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.
Цените на влезниците за настаните се следни:
AXWELL & INGROSSO:
ПАРТЕР 2- 1000 денари
ПАРТЕР 1- 1500 денари
ФАН ПИТ- 2000 денари
MORCHEEBA & NOUVELLE VAGUE:
ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ- 1500 денари
TEXAS & DARKO RUNDEK:
ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ- 1500 денари
ALAN WALKER:
ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ- 1500 денари
Исто така, од понеделник, 28 мај, ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од:
ПАРТЕР- 2000 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари
Дани | ТВ Пакет