Уште една Пинкова ѕвездичка на детска Евровизија
Избрана е македонската претставничка за овогодишниот избор за песна на детска Евровизија. Се работи за скопјанката Мина Блажев која учествуваше во минатата сезона од “Пинковите ѕвездички”. Со оглед на забраната од ЗАМП, Македонија немаше прилика доволно да ја запознае и бодри на тој натпревар, но нејзиниот талент и ѕвездата што ја има е она што ќе ја носи кон понатамошни големи успеси.
14 годишната Мина ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија во Грузија – одлучи Македонската телевизија. Минатата година исто така Пинкова ѕвездичка ги бранеше боите на нашата таковина – Мартија Станојковиќ, која имаше одлична и модерна песна. Очекуваме одлична песна и од Мина. Со среќа!
Дани | ТВ Пакет