Филхармонија за Драган Ѓаконовски – Шпато – 6 јануари
Со својата музичка генијалност тој беше далеку над времето во кое забавната музика и џезот се наоѓаа во Македонија. Беше единствен по својата способност да ги дешифрира тонските снимки, тоа не беше препишување туку вистинска музичка креација.Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез-композиција насловена „Тема И“, што ја создал во 1947 година. Се сметал за извонредно надарен музички инструменталист кој формирал повеќе оркестри и групи.
„Филхармонија за Шпато“ во сабота во 20.45 часот на МТВ 1 е програма во чест на 30-годишнината од смртта на легендарниот Драган Ѓаконовски Шпато. Македонската Филхармонија со бројни солисти и гости ќе се поклони пред ликот и делото на истакнатиот македонски диригент, аранжер и композитор.
Диригент на овој концерт е Џеси Милинер од Германија, композитор, аранжер и пијанист, кој е задолжен и за оркестрациите на дел од композициите. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, на сцена ќе има и бенд во состав: Мартин Ѓаконовски – контрабас, Гордан Спасовски – пијано, Левин Ѓаконовски – тапани и Франческа Рајтер – виолина, а ќе учествуваат и Џон Илија Апелгрен – вокал и Кирил Кузмановски – саксофон.
На концертот беа изведени меѓу најубавите композиции на Шпато, како „Далечен крај“, „Те носам во себе“, „Глас од далечината“, „Без повраток“, „Дојди есен“, „Молчи една долина“, „Убава со како музика“, „Зар вистина е крај“, „За нас почнува живот“…
Дани | ТВ Пакет