Недела на македонски филмови на Прва – љубов за Божиќ
Филмот е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко, а дејството се случува на периферијата на едно гратче крај Преспанското Езеро. Приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенција, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела – двајца млади љубовници.
Одеднаш среќата му се насмевнува на семејството… Светската премиера на филмот се одржа на 25 септември 2014 година, на Меѓународниот фестивал „Рејнденс“ во Лондон, каде што филмот се натпреваруваше во официјалната конкуренција. Во декември 2014 година, филмот беше прикажан на Филмскиот фестивал „Фест“ во Белград.
Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот глуми и епизодна улога. Улогите ги толкуваат Кире Ѓоревски, Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Милица Стојанова и др. Режијата е на Антонио Митриќески, а сценариото на Гордан Михиќ.
Дани | ТВ Пакет