Драги читатели, Среќна Нова Година !
ТВ Пакет на сите свои читатели им ја честита Новата 2018-та година со желби за многу повеќе здравје, многу поискрена љубов, бескрајна среќа и успешна година што претстои. Интернет порталот и во иднина останува ексклузивен во однос на сите новости поврзани со телевизиските содржини во Македонија и регионот, обидувајќи се да ги покрие сите вести во телевизиската сфера.
Единствени во стилот и едни на пазарот, ТВ Пакет и во новата година продолжува да биде дежурен следач и критичар на сите телевизиски програми, сѐ со една единствена цел – да ја подигне свеста на македонските телевизиски канали во насока на подобрување на квалитетот на содржините.
Бидете со нас и во оваа година со сите ваши предлози и сугестии. Ви благодариме на довербата и ви ветуваме уште поинтересна година на вести и статии кои ќе го задржат вашето внимание.
Со почит, тимот на ТВ Пакет
Дани | ТВ Пакет