16-годишниот Македонец уште еднаш изненади на сцената на Пинк
Македонскиот кандидат во српското талент шоу “Ѕвездите на Пинк” вчеравечер имаше успешни настапи и си обезбеди влез во четвртфиналето на шоуто. Нашиот млад натпреварувач во овој круг ги отпеа “Прекасно” од српскиот турбо фолкер Амар Гиле и нашата легендардна “Жал за Деспина” од Наум Петрески.
– Никола, душо, песните кои ги отпеа во минатиот круг не ми беа толку погодени за тој круг и толку вокално захтевни, но затоа сега со “Жал за Деспина” се надмина себеси. Баш ми беше мераклиски за душа. И доста мудро ја одбра втората песна, која е диаметрално различна од оваа народната и затоа веќе делуваш интересно, наместо досадно ако бираш исти песни. Одличен си! – искоментира контроверзната Брунцлиќ за нашиот Никола. По неа, се надоврза и Маја Николиќ, која од што и било убаво, дури ги заборавила и песните кои ги пееле натпреварувачите.
Во “Пинковите ѕвезди” веќе стана навика жирито да го одзема шоуто од натпреварувачите, следејќи го примерот на нивните колеги од “Ѕвездите на Гранд”. Она што многумина ќе искоментираат е дека ова што го прават Маја Николиќ, Дара Бубамара и останатите е далеку од шоу интересно за гледачите, и затоа треба повеќе простор да одвојат и да се искажат за младите таленти кои настапуваат наместо меѓусебно да се провоцираат со застарени шеги.
Во продолжение, погледнете ги настапите на Никола Станишиќ :
Дани | ТВ Пакет