Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (13-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (13-то продолжение)

 

Сега кога Алис имаше голем мотив да и плати на италијанката од борделот, во замена за нејзиниот молк и нешто многу повеќе, се искраде во собата на својата мајка и прочепка по фиоките, бидејки добро знаеше дека некаде во собата Лукреција некаде го крие ковчежето со пари. Го пронајде под креветот, но предоцна бидејки во мигот кога го отвори, нејзината мајка влезе во собата.
– Што правиш со тие пари, Алис?

 

Минатата недела читавте:

Енцо одлучува да го напушти Темпестад за да нема проблеми со Господарот. Се збогува со Естер и ја прашува дали и значело тоа што го имале двајцата?!

Кристина ја уценува Алис, молк во замена за пари.

Легендата за мистериозната Акасија се раширува низ хациендата а Енцо станува директна жртва на истата.

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 13 – „Лудило на љубовта“

 

Сега кога Алис имаше голем мотив да и плати на италијанката од борделот, во замена за нејзиниот молк и нешто многу повеќе, се искраде во собата на својата мајка и прочепка по фиоките, бидејки добро знаеше дека некаде во собата Лукреција некаде го крие ковчежето со пари. Го пронајде под креветот, но предоцна бидејки во мигот кога го отвори, нејзината мајка влезе во собата.
– Што правиш со тие пари, Алис?
Девојката ја спушти главата, но Лукреција не беше жена која се задоволуваше со покорен поглед.
– Одговори ми, Алис!
– Една жена ме уценува во замена за нејзиниот молк, мајко, – отворено призна девојката.
– Во замена за нејзиниот молк? Што се случува овде? Во каква невоља си сега? Одговори ми, Алис, го губам трпението.
Алис стана од креветот, појде до врата и провери дали има некој во ходникот, па се врати назад кај својата мајка.
– Една жена ми побара пари, во замена да не му каже на Анибал дека сум заинтересирана за неа.
– Заинтересирана? Како мислиш заинтересирана?
– Мамо, те молам, – Алис преврте со очите. Лукреција добро знаеше дека нејзината ќерка преферира жени уште од кога пред три години во Париз ја затекна во нивниот апартман со една постара французинка како разменуваат многу повеќе од француски бакнежи.
– Која е таа жена?
– Една проститутка, – на крајот одговори девојката.
– Алис, до Бога, до кога?, – Луреција се фати за главата. – До кога со твоите лудории, до Бога?!
– Мајко, зошто не разбереш дека сум поинаква? Зошто не ме оставиш да го живеам животот како што сакам?
– Затоа што ако ти дозволам ќе си го уништиш животот додека да се свестиш. Ти си жена како и секоја друга. Дојде на Темпестад да се омажиш за Анибал Кастењон! Не го заборавај тоа.
– Мајко, зошто сметам дека преку мене само сакаш да се ослободиш од теретот на своите проблеми?
– Не зборувај така.
– Ти се срамиш од мене, – додаде Алис, на работ да заплаче. – Се срамиш од твојата родена ќерка бидејки не е нормлна како тебе, како тетка ми или како секоја друга жена.
– Алис…Знаеш дека те сакам најмногу на целиот свет, ќерко. Не сакам да гледам кога плачеш, – додаде Лукреција, бришејки ги солзите на саканата ќерка со своите раце.
– Ако навистина ме сакаш, ќе сфатиш дека ако се омажам за Анибал ќе бидам најнесреќната жена на светот.
– Жалам, Алис, но немаме друга алтернатива. Се договоривме дека ќе се омажиш за Кастењон и така ќе биде.

Естер Кастењон, сопругата на господарот на Темпестад.
Енцо Анџели, најстариот син на слугинката која го помина животот работејки за Кастењон.
Стоеа еден спроти дру и во ниту еден момент не беше важно кој од каде потекнува. Дишењето и подигнувањето на нивните гради во тој момент беше ритмично кај двајцата како и забрзаното отчукување на срцето. Беа како двајца тинејџери кој прв пат отворено говорат за емоции и чуства.
– Енцо, она што беше меѓу нас беше голема грешка.
– Јас не мислам така, – рече тој.
– Те молам да не продолжуваме со ова, нема смисла, – додаде таа и направи чекор кон вратата, но Енцо ја спречи. Ја задржа нежно за раката, како да допира пеперутка во лет, шепотејки го нејзиното име.
– Вас Ви е потребен прав маж, Естер. Маж кој ќе знае како да Ве третира. Маж кој ќе Ве почитува и ќе знае како да ве љуби.
– Фаусто ме љуби, – рече таа, одбивајки да го погледне во очи бидејки се плашеше од нивното вкрстување.
– Вие не сте среќна со него, – продолжи тој, потпирајкија на ѕидот, обиколувајки ја со двете раце, како да ја сместуваше во стапица од која нема излез.
– Пушти ме, Енцо, те молм…
– Кажете ми дека не чуствувате ништо за мене и ќе Ве пуштам…
– Не ме терај да кажам нешто што не сакам.
– Што е тоа што не сакате да го кажете? Дека не сте среќна со животот? Дека не го љубите Вашиот сопруг? Јас во замена сум способен да сторам се за Вас, Естер.
Со едната рака ја затвори вратата од собата, а со другата ја повлече Естер за половината кон своето тело. Сонцето продираше низ пукнатините на дрвениот таван. Таа се смеешњ додека неговите раце ги милуваа нејзините гради, а неговите усни го љубеа нејзиниот врат, лицето и усните, додека со раката ги мрсеше кадриците на нејзината црна коса.
– Ве љубам, ве љубам, Естер.
Неговиот глас беше сладок, шепотлив…
Се смееше со својата мачорска насмевка, кожата му е беше потемнета од сонцето, а очите му сјаеа како две сјајни ѕвезди во ноќта. Естер го љубеше неговиот врат, и го чуствуваше вкусот на мажот кој го сонуваше цела ноќ. Во тој момент не постоеше ништо во таа соба, ни сопруг, ни деца, ни послуга, ни роднини…Го следеше нагонот роден во нејзината утроба, нагон кој не е запишан во ниту еден молитвеник, ниту се чул од устата на некоја угледна жена. Нагон кој ја тераше да трепери, да моли и да бара повеќе.
И одеднаш, нечиј глас допре до нив. Груб, машки баритон кој ја заледуваше крвта во нејзините вени. Добро познатиот глас на Фаусто кој довикуваше по Енцо. Беше близу, само на неколку чекори зад затворената врата.

Последните сончеви краци за тој ден продираа преку отворените прозорци во врелата кујна на хациендата, каде што Марија Грација месеше леб за вечерата, а нејзината ќерка Моналиса ја полнеше мисирката на работната маса. Двете жени молчеа и ја слушаа дискусијата помеѓу Рикардо Кастењон и Антониета, која се одвиваше во ходникот со повишен тон.
– Рикардо, доста! Моја обрска е да им кажам на твоите родители за она што го знам!, – рече жената, пред заедно со Рикардо да влезат во кујната.
Антониета погледна со својот мрачен поглед во двете жени, мајката и ќерката, пред да рече;
– Морам да Ве претресам двете!
– Зошто?, – збунето праша Марија Грација.
– Рикардо го загубил часовникот, наследство на Кастењон, – дрско одговори Антониета.
– Јас и мојата ќерка никогаш не би украле од господата, – се бранеше Марија Грација.
– Никогаш не би сторила нешто такво, – потврди младата Моналиса.
– Не ме интересираат твоит изговори, девојко! Ајде, слечете ги кецелите!, – им нардеи Антониета.

Енцо ја повлече Естер за рака и ја затвори во плакарот во мигот пред Фаусто да влезе во собата.
– Повелете дон Фаусто, – Енцо успеваше некако да го контролира својот треперлив глас.
– Дојдов да зборувам со тебе за она шт се случи пред малку.
– Кажете, газда.
– Не сакам никој да дознае за она што го виде.
– Нема проблем, газда, јас не зборувам за животот на другите.
– Запомни го ова, Енцо, ниту еден вработен не може да влегува и излегува од мојата куќа без најава. Таа привилегија ја имаше само нана Тили, нека почива во мир, твојата сестра, зет и внука. Но, никој друг! Дали сум јасен?
Затворена во плакарот, Естер слушна како Енцо потврдо му одговара на Фаусто.
– И ветувам дека нема да пречам повеќе, рано наутро си одам од Темпестад.
– Добро, јас ти понудив помош, онака како што и ветив на нана Тили, но ако ти не сакаш да ја прифатиш, тоа е твоја работа, – цинично додаде Фусто, кој во себе ликуваше поради тоа што нема да го гледа повеќе убавото лице на проклетиот италијанец.
– Знам господару и благодарен сум за дадената шанса.
Со врвот на окото, Фаусто забележа една книга со поезија на креветот на Енцо, па посегна по истата.
– Што е ова?
– Книга која со себе ја носам секаде, господару, – покорно одговори Енцо. – Можам ли да ви помогнам во нешто?
– Не, – кратко одговори Фаусто и ја врати книгата на првобитната позиција. – Тоа е се, – додаде пред да ја напушти собата.
– Имајте убав ден.
Естер длабоко воздивна во плакарот, свесна дека опасноста да биде откриена, полека заминува.

Моторното возило сопре пред борделот на тетка Кармен во селото. Лукреција инсистираше да го реши проблемот со Кристина Анџели и ја поведе својата ќерка Алис со себе.
Кристина одмараше во својата соба, кога една од девојките и кажа дека ја бараат две дами во холот. Кога слезе во полумрачната просторија, до Алис забележа една постара жена, која ја немаше вдено претходно.
– Што сакате од мене, госпоѓо?, – праша дрско, бидејки беше позната по тоа што не сакаше никој да ја вознемирува за време на сиестата.
– Јас сум мајка на Алис.
– Мило ми е, – низ цинична насмевка ја поздрави Кристина.
– Слушајте ме добро. Дојдов да Ви кажам дека мојата ќерка не е сама. Туку сум за да ја штитам од безскрупулозни и подли луѓе како Вас.
– Не знам колку знаете, но Вашата ќерка беше онаа која прва ме побара. Или, не знаете какви вкусови дели Вашата ќерка.
Во момент на бес, Лукресија и замавна силна шлаканица на куртизаната, која одекна во просторијата која мирисаше на чад од цигари и алкохол.
– Да не си се осмелила да го повториш тоа што го кажа, ороспијо!
– Го губам трпението, госпоѓо, – процеди Кристина, држејки ја болната страна на лицето. – Или дајте ми ги бараните пари веднаш или пред да зајде сонцето, дон Фаусто Кастењон ќе дознае дека девојката сака жени и дека Вие, нејзината родена мајка и го криете образот за никој да не дознае.

продолжува во среда…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!