Лусија го известува својот сопруг дека зборувала со хирургот за претстојата операција на Анхелес, а Игнасио не се ни сомнева дека има нешто помеѓу хирургот и неговата сопруга. Игнасио ја теши Лусија дека Анхелес е во добри раце со специјалист како Густаво Монтемар.
Неколку часа пред операцијата, Густаво ја посетува Анхелес. Девојката му вели дека е сигурна штом е во негови раце под нож и му признава дека сака повторно да биде убава за него. Густаво ја потсетува дека меѓу нив нема ништо и дека така и ќе остане по операцијата.
Анхелес го прашува дали не ја сака бидејки постои друга жена а тој и признава дека е така.
Штом ќе остане сама, под слојот завои, Анхелес си ветува себеси дека Густаво ќе биде нејзин по секоја цена.
Доња Инес се моли во катедралата за претстојната операција на својата внука.
Трини ја посетува Анхелес пред да почне операцијата и Анхелес и кажува за признанието дека Густаво е вљубен во друга. Трини веднаш ги поделува своите сомнежи со внуката дека таа друга може да е нејзината мајка.
Додека чекаат да почне операцијата на Анхелес, Нати и Лусија пијат кафе во кантината, кога Лусија нагло ќе се онесвести. Нати е загрижена за состојабата на својата пријателка и ја советува да си ја прегледа крвта. Лусија вели дека и е опаднат имунитетот поради случувањата со Анхелес.
Операцијата на Анхелес поминува во најдобар ред. Густаво ја информира фамилијата дека за седум дена ќе може да се извадат завоите од лицето на Анхелес.
Следниот ден, доаѓа до жолчна расправија помеѓу Игнасио и Лусија. Игнасио ја обвинува својата сопруга дека не му дозволува да ја води клиниката онака како што тој умее. Дека му е смачено од нејзиното константно мешање како акционер.
Од друга страна пак, Октавио го советува Игнасио да не и кажува на Лусија за се што се случува во клиниката. Игнасио не е ни свесен дека неговиот партнер и пријател Октавио му ги заменува апчињата за срце со обични пилули за главоболка.
Доаѓа до голема расправија помеѓу Нати и Хулијан во врска со парницата на Лусија и Игнасио. Хулијан ја замолува својата пријателка да не дозволува работата да влијае на нивното пријателство и и признава дека со години тивко е вљубен во неа.
Нати останува индиферентна на ваквата изјава.
Анхелес која ги минува последните денови под завој на лицето, му признава на својот татко дека е вљубена и дека избраникот на нејзиното срце е д-р Густаво. Иако Игнасио е изненаден, сепак и признава на ќерка си дека Густаво е вистинскиот избор за неа. Но, тогаш Анхелес му признава дека тој ја одбил и дека таа иста вечер ја доживела тешката несреќа од која и зависеше животот. Меѓу другото му кажува на својот татко дека Игнасио се гледа со нејзината мајка.
Трини ликува и е пресреќна што тој ден Лусија и Игнасио треба да ги потпишат документите за развод.
Во адвокатската канцеларија на Нати, Игнасио и Лусија ги потпишуваат документите и спогодбата за развод. Игнасио и вели на Лусија дека знае за нејзината афера со хирургот и дека истиот ден ќе го отпушти од клиниката.
Лусија го бара телефонски Густаво за да го предупреди за намерите на Игнасио, но Густаво не може да и одговори бидејки е на сред операција.
Игнасио доаѓа во клиниката и му признава на Октавио дека Густаво и Лусија се љубовниции дека истиот ден ќе го отпушти.
Октавио го советува Игнасио да не избрзува бидејки во тек е носењето на признаницата од Американсата специјализирана хируршка организација која треба да ја добие клиниката и дека истата таа не може да ја добијат без човек како Густаво во неа.
Бесен поради фактот дека рацете му се врзани во однос кон Густаво, ја напаѓа својата секретарка Кларита и и дава отказ. Потоа ја напушта клиниката и заминува во станот кај Трини која секогаш го чека добредојдено.
Лусија пристигнува во клиниката и го бара Густаво за да го извести за намерита на Игнасио. Меѓу другото му кажува дека Игнасио знае за нив. Додека Густаво ја теши дека така е најдобро, зад вратата разговорот го преслушкува Анхелес.
продолжува