Инсектите исчезнуваат, а научниците и екологистите го активираат алармот.Филмскиот тим на Дојче Веле се среќава со ентомолози, земјоделци, научници, хемиски компании и политичари во обид да ги дознае причините за смртноста од инсекти преку емисиите “Мирно лето – зошто инсектите умираат” и “Апокалипсата на инсектите”, кои ќе ги следите во понеделник (13 април) на прва скопска МТМ.
Пред 480 милиони години, инсектите биле првите животни што научиле да летаат, ја превзеле Земјата, а и ден денес, тие се фундаментални за животот на земјата и се на почетокот на синџирот на исхрана од кој на крај зависат сите човечки суштества. Но, бројот на инсекти ширум светот опаѓа, па така се заканува и прекин на ланецот на исхрана.
Професорот за екологија, Александра-Марија Клајн од Фрајбург, со децении ги истражува ефектите од човечките интервенции во природните опкружувања и започна експеримент во плантажа со овошја на езерото Констанца: Што се случува кога исчезнуваат инсектите? Злобна тишина се населува на местата што некогаш потпевнувале и зуеле. Зошто умираат инсектите?
Во филмот за апокалипсата, дознаваме како штетните пестициди влијаат на срцевиот ритам на пчелите додека бараат храна и резултира во дезориентација, слабост и смрт. Според филмот, ова се покажа особено катастрофално за дивите пчели, бидејќи тие се клучни во опрашувањето на нашите растенија, овошје и зеленчук.
Апокалипсата на инсектите дава информативен поглед на епидемијата со далекусежни последици, кои сè уште не можеме да ги сфатиме целосно, но и поглед на улогата што сите можеме да ја играме во борбата против неа.
Дани | ТВ Пакет