Наредбата на Антониета беше и повеќе од јасна. Беше украден вреден златен чаосвник од низата наследство на Кастењон и беше одлучена да го најде по секоја цена а претресот кај слугинките беше првата работа која ја имаше зацртано да ја направи.
– Со сета должна почит, госпоѓице, – и се спротистави Марија Грација. – Сите овие години како што работиме во оваа куќа никој не не третирал вака како Вас.
– Наредба!, – извика Антониета.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 14 – „Земјата на Анџели“
Наредбата на Антониета беше и повеќе од јасна. Беше украден вреден златен чаосвник од низата наследство на Кастењон и беше одлучена да го најде по секоја цена а претресот кај слугинките беше првата работа која ја имаше зацртано да ја направи.
– Со сета должна почит, госпоѓице, – и се спротистави Марија Грација. – Сите овие години како што работиме во оваа куќа никој не не третирал вака како Вас.
– Наредба!, – извика Антониета.
Откако мајката и ќерката ги извадија своите кецели а Антониета ги претресе истите и самата се увери дека нема ништо во нив, пријде до Моналиса со наредба да го слече суќништето.
Моналиса посрамено погледна во Рикардо кој стоеше на страна, па во својата мајка.
Рикардо виде како девојката ја менува бојатана лицето, па ја напушти кујната, пред Антониета да почне да го слекува суќништето на девојката.
Лукреција погледна околу себе. Беше крајно понижувачки за жена од нејзин калибар да биде уценувана од една неука забавувачка на мажи.
– Да не сте помислиле да кажете лош збор за било кој од нас, дали сум јасна?!
– Се гледа дека не ме познавате, – полна со себе рече Кристина, вртејки ги кадриците на својата коса.
– Мајко, подобро е да и дадеме пари и да си одиме, – Алис и дошепна на својата мајка.
Лукреција немаше избор. Посегна по својата чанта, извади одредена сума и истата ја стави меѓу подадените раце на куртизаната.
– Се надевам дека никогаш повеќе нема да слушнеме за Вас!
– Така сакам, – низ насмевка рече Кристина, сместувајки ги парите меѓу своите гради.
Ваквиот акт предизвика бран топлина кај Алис, која ја оближа горната усна, гледајки го широко отвореното деколте на куртизаната. Без сомнеж беше една од најубавите жени кои некогаш ги видела.
– И не сакам повеќе да слушнам дека сте ја уценувале мојата ќерка, – појасни Лукреција на крајот. – Алис е верена и ќе се мажи за Анибал Кастењон. Ако продолжите да ја вознемирувате, ќе си имате проблеми со мене.
– Јас во ниту еден момент не ја вознемирував Вашата ќерка, – појасни Кристина. – Таа е онаа која постојано ме прогонува. И не верувам дека така лесно ќе ја омажите за Вашиот внук. Имате вистинска ѓаволица крај себе, доња.
– Алис има нервни проблеми и честопати не знае што прави, – излажа Лукреција, чуствувајки потреба да го обели образот на својата ќерка. – Да одиме, Алис, – додаде и ја напушти просторијата, со надеж дека никогаш повеќе нема да има потреба да зачекори на тоа валкано место.
Алис замина веднаш по својата мајка, оставајки ја Кристина со задоволна насмевкана лицето и деколте полно со пари. Добро знаеше дека ова не е последен пат како што ја гледа таа девојка. Не поверува ни збор од она што го кажа Лукреција. Нејзината Алис немаше проблеми со нервите, имаше проблеми со својата сексуалност.
Претресот на Антониета од кујната продолжи во собата на Марија Грација и нејзиното семејство. Ги претресе креветите, постелата, плакарите, дури провери и под чергите, но никаде ни трага од загубениот часовник на Рикардо.
– Дали завршивте, госпоѓице?, – ја праша Марија Грација која со чиста совест и скрстени раце стоеше покрај вратата.
– Не, сеуште не, – одговори Антониета и продолжи да пребарува низ останатите простории на колибата.
– Престанете да растурате, тука нема да го најдете Вашиот часовник.
Антониете не престана да бара. Бараше помеѓу рафтовите со храна, во шкафовите, дури и во шпоретот на дрва. На крајот го подигна душекот во една од собите и не го пронајде часовникот, но пронајде тапии кои и превлекоа внимание.
– Што е ова?
– Тоа е лично, госпоѓице, – одговори Марија Грација. – Ве молам, вратете ми го тоа.
– Смеам ли да знам што е ова?, – инсистираше Антониета.
– Правни документи кои ми ги остави мајка пред да почине, – на крајот одговори италијанката, свесна дека Антониета нема да замине без добиен одговор.
– Тоа значи дека криете нешто?
– Со сета должна почит, госпоѓице Антониета, но Вие го баравте загубениот часовник на господинот Рикардо.
– Ако ништо не криете, тогаш нема за што да се грижите, Марија Грација. Лично ќе му ги предадам овие тапии на Фаусто, – додаде Антониета пред даја напушти колибата.
Марија Грација се фати за главата, веќе чуствуваше како и расте телесната температура. Она што го криееа тие тапии можеше засекогаш да ги промени односите на хациендата, а тоа ја плашеше.
Под слабата светлина на растопената свеќа во својата соба, Естер пишуваше писмо со мастило, редови посветени за Енцо. Не знаеше дали ќе има храброст лично да му ја предаде хартијата пред рано наутро тој да си замине, но имаше потреба на лист хартија да ги изрази своите чуства. Занесена во пишувањето, не забележа кога се отвори вратата од собата и влезе нејзината ќерка. Забележа дека не е сама дури откако ја забележа сенката на свеќата.
– Елиса, – крикна преплашено и ја смести хартијата меѓу старниците на книгата кои ги користеше како подлога за пишување.
– Те прекинувам во нешто, мајко?
– Не, само нешто запишував…
– Сакав да разговараме.
– Секако, мила. Слушам.
– Не сакам да помислиш дека се мешам онаму каде што не ми е место, но ова го правам бидејки те сакам многу, мајко. Размилував за односот кој го имате со тато и предлагам да заминете некаде на заедничко патување. Втор меден месец.
– Патување?, – праша Естер. – Од каде таа идеја, Елиса?
– Последниот пат кога бевте на патување, се врати презадоволна, мајко.Ова ти го кажувам со сета почит, те молам немој погрешно да ме разбереш.
– Мила моја, не грижи се. Татко ти и јас можеме сами да си ги решиме проблемите. Освен тоа, Господ е секогаш со нас.
– Да, но вети ми дека барем ќе размислиш. Ти сакаш да патуваш. Освен тоа, сега ние сме големи, нема зошто да не мислиш.
– Ти ветувам дека ќе размислам, – низ блага намсевка рече Естер, на која и беше мило што нејзината најмала ќерка почнала да размислува зрело и сакаше да ги поправи односите помеѓу родителите.
Ја зеде во прегратка, сеуште смешкајки се со задоволство. Но, истата љубов не делуваше обострано. Очигледно Елиса имаше зацртано план а ова беше само почеток до неговата реализација. Ја забележа книгата на масичката и се сети дека мајка и пишуваше нешто. Мораше да знае што кријат тие зборови.
Враќајки се од селото кон хациендта, Алис воглавно молчеше за време на возењето. Но, имаше нешто кое сакаше да го расчисти со својата мајка, па не можеше да молчи повеќе.
– Како можеше да ме направиш луда пред таа жена, мајко?
– Бидеки само луда жена може да направи нешто како тоа што си го направила ти, Алис. Што мислиш како ќе реагира Фаусто ако дознае дека преферираш жени? Или уште полошо, дека преферираш жени од јавни бордели?
– Мажите во таа фамилија се најчести посетители на тој јавен бордел, мајко, затоа не можат да речат многу.
– Тие се мажи.
– Знеш, мајко, пнекогаш ме изненадуваш. Ти си прва која се бори за слободата на жените, за правот на глас не жените и одеднаш стануваш потценета како секоја друга обична селанка.
– Доста, Алис! Ти си жена и ќе се омажиш за маж, ни збор повеќе на таа тема.
– До кога ќе инсисираш на тоа, мајко?, – со грутка во грлото праша Алис. – Јас не сакам да се мажам! Јас нема да се мажам! Ниту со Анибал, ниту со никој друг маж!
Со спуштена глава Марија Грација влезе во работната просторија на Фаусто Кастењон, откако беше повикана на разговор со Господарот. Добро знаеше за што ја бара. И не грешеше. Во рацете ги држеше тапиите на старата мајка, а над неговата глава, како сенка стоеше Антониета.
– Ме баравте, газда.
– Што значи ова, Марија Грација?, – ја праша Фаусто, покажувајки на тапиите. – Зошто мајка ти се јавува како сопственичка на дел од мојот имот?
Беше време на вистината, време кога старите долгови требаше да бидат напалтени.
продолжува во петок…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет