Почетна / Телевизија / Колаж на стари настапи од ТЛЗП и Цеца за Нова година на Сител

Колаж на стари настапи од ТЛЗП и Цеца за Нова година на Сител

 

“Кад би био рањен” и “Турбулентно” од Цеца за Нова година на Сител

 

И Сител телевизија втора година по ред, без премиерна новогодишна програма. Ако минатите години гледавме специјално снимени емисии со Лила или реемитување на Пинково народно весење, ланскиот 31ви декември и овој нема ништо такво. Барем не премиерно.

 

 

За 31 декември 2017та година, неколку часа пред влезот во новата година, Сител телевизија ќе емитува новогодишен дневник со своите традиционални новогодишни гафови. По гафовите, следува нова епизода од турската синхронизирана серија “Јазол”, а по неа започнува новогодишниот музички микс.

 

 

Ќе се емитуваат стари настапи од Пинково народно весеље, снимено во 2015-та година, во која главна ѕвезда беше Цеца Ражњатовиќ. Освен стари настапи од Пинк, на телевизија Сител ќе се емитуваат и постари настапи од забавното шоу “Твоето лице звучи познато” од оваа и минатите сезони. Песни за празничен шмек и разигран ритам ќе има и од домашна продукција за новогодишната ноќ на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!