Нова телевизија на албански и македонски јазик – ТВ Шења
Од понеделник (16 ноември) на територијата на Македонија почнува да зрачи нова кабловска телевизија ТВ Шења, која ќе емитува програма на албански и македонски јазик. Телевизијата освен во Македонија, планирано е да емитува програма и во Албанија и Косово.
ТВ Шења е целосно нов проект на „Медиа ворд њуз“ и тимот на чело со Исмаил Синани е убеден дека ќе бидат инстантно препознаени на пазарот како високо квалитетен медиум.
– ТВ Шења ќе биде одлично екипирана со врвни новинари од сите области. Убедени сме дека веднаш ќе се пробиеме на пазарот и публиката веднаш ќе не препознае како квалитет. Дел од нашиот тим помеѓу другите ќе бидат Мухамед Зекири, Алди Бакиу, Јулија Симоновска, спортскиот водител Фатом Зугаради, Линдита Кадриу… – вели Исмаил Синани, главниот уредник на ТВ Шења.
Мухамед Зекири ја најави новата телевизија како независен медиум кој ќе застане во одбранана вистинските вредности.
– Ќе бидеме точни, јасни, праведни и еднакви. Сите што ќе сакаат да ја знаат вистината, сега им се отвора нов прозорец.ТВ Шења ќе биде независен медиум и ќе може да го гледате низ целата територија на земјава. Ќе биде дел од секој дом на нашите граѓани и што е најбитно, ќе застане во одбрана на вистинските вредности! Без страв. Без уцени. Без ракавици. Вистината која не сте ја чуле ќе ја слушнете тука! – порачува Зекири.
Дани | ТВ Пакет