Хрватски и странски поп и рок во новото ТВ шоу на ХРТ
Од минатата сабота на првиот канал на Хрватската телевизија започна втора сезона од музичко забавното шоу, наречено “А страна”.
А-страна е емисија која ќе не врати во времето на најдрагите и најголемите музички хитови во Хрватска. Секоја сабота е вечер на антологиска хрватска музика со култни имиња од хрватската музичка сцена кои ќе пејат во дует со млади музички надежи кои се натпреваруваа во “The Voice – Најубавиот глас на Хрватска”. И токму тие постарите заедно со помладите создаваат магична вечер на дуети и забава која ги освои и македонските гледачи, кои ја следат ХТВ 1 преку кабловските опратори.
Разговори, прилози и музика – сето тоа е склопено во една мозаична-музичка емисија чии водители се познатите тв лица Душко и Иван. Вчеравечер беше емитувана втората емисија посветена на музиката во Далмација и Славонија. Гости во првата емисија беа Нина Бадриќ, Здравко Чолиќ и Масимо Савиќ, а вчеравечер друштво на младите таленти им правеше маестралниот Теди Спалато.
Во продолжение, разнежнете се и уживајте во дел од песните изведени во првите две емисии на “А страна” :
Дани | ТВ Пакет