За многумина патетична, но одлична и убава актерка
Една од најголемите мексикански ѕвезди, Викторија Руфо, одбрана за една од најубавите жени во светот, според магазинот Hollywoodbuzz. Актерката, позната за македонската публика од сериите “Прегрни ме цврсто”, “Маќеа” и “Триумф на љубовта” била изгласана на 11. место на анкетата од страна на 7 милиони гласачи.
Зеленокосата 55 годишна Мексиканка, која моментално ја следиме во новелата “Викторија” на локалните тв, се најде рамо до рамо со згодните Бијонсе, Адријана Лима, Анџелина Џоли, Мишел Обама итн. Првото место и припадна на Бијонсе.
Дани | ТВ Пакет