Дали ја помните перуанската теленовела „Фиорела“ која пред околу десетина година беше апсолутен хит во прајм-тајмот на Македонската Телевизија? Протагонистите на теленовелата коишто разменуваа страсни бакнежи пред камерите во 2000. година Енџи Сепеда и Салвадор дел Солар оваа година работеа заедно и на филмот „Исчезнатиот слон“ (El elefante desaparecido). Погледнете како тие изгледаат денес.