Познатиот радио водител се враќа на малите екрани
Драган Б.Костиќ, познат како водител на радио-емисиите “Диско селектор” и “Заборави ако можеш” и Неделно попладне на РТС, стартува со ново шоу, овојпат телевизиско. “Б со точка точка” е нова вечерна емисија која ќе се емитува секоја недела на ТВ 24 во 20.45 часот. Ова е уште еден доказ за големиот напредок кој го остваруваа оваа телевизија, која може да се пофали со одлична информативна, забавна и играна продукција.
Емисијата е во реализација на „Пикадо продукција“, Александар Митевски е програмски, а Светислав Стефановиќ извршен продуцент на овој амбициозен телевизиски проект. Емисиите ќе се на малата сцена на Македонскиот народен театар.
– Пријателите ме убедија да направам телевизиска емисија. Додуша, се подготвував за поинаков концепт, но беа упорни за реализација на телевизиски проект со едночасовен термин, во кој ќе разговарам со интересни луѓе, кои имаат што да кажат, но верувајќи му на човекот што е естрадно активен безмалку половина век и покрај кого многумина од нив ја растеле својата младост.
Се надевам оние што ќе бидат дел од шоуто ќе одговараат и на скокотливи прашања и ќе биде она што сметам дека недостига во нашиот медиумски (електронски) простор, сериозен пристап на естрадата и луѓето од неа. Низ емисијата ќе минуваат и луѓе од општествениот и деловниот свет, зборувајќи за поинакви афинитети од оние по кои ги препознава јавноста. Емисијата ќе има почетен концепт, кој ќе се менува и приспособува во од, а ќе трае онолку колку што ќе има интерес за неа – открива водителот за Нова Македонија, а пренесува ТВ Пакет.
Гостинка во првата емисија ќе биде Тања Кочовска.
Дани | ТВ Пакет