Дали по ваква рецензија, ќе го погледнете овој филм ?
ТВ Пакет со восработка со блогот Филмска рецензија ви презентира уште една филмска рецензија, дело на рецезентот Александар Арсовски за “Guardians of the Galaxy”, филм од 2014 година.
Филмот “Чувари на галаксијата” е направен според истоимениот стрип на Марвел. Филмот го работеше Марвел во соработка со Волт Дизни, а издвоени биле над 170 милиони долари како буџет за овој филм. Собрана е одлична актерска екипа, а како режисер и сценарист се потпишува не толку познатиот Џејмс Ган (James Gunn). Тој зад себе има неколку филмови како режисер и како сценарист, од кој можеби најпознати се Scooby Doo 2 и Dawn of the Dead. И двете студија можеби ризикувале што го поставиле токму него за режисер но ризиккот им се исплати бидејќи филмот зарабоил повеќе од 750 милиони долари ширум целиот свет.
Приказната се врти околу мистериозната сфера која многумина ја посакуваат од различни причини. До сферата прв доаѓа младиот Питер Квил (Chris Pratt) кој себе се нарекува Стар Лорд. Меѓутоа штом дојде до нејзе се појавуваат и војниците на Ронан (Lee Pace), мистериозен тиранин кој сака да го уништи Новото Царство. Питер успева да им побогне но војнизите тргаат по него. Во игра се уклучува и Уонду (Michael Rooker) водачот на вселенските пирати на кој припаѓа и Питер, а кои токму тој се обиде да ги измами. Покрај него по Питер трагаат и Рокет (Bradley Cooper), неверојатен експеримент од повеќе облици на живот, кој изгледа како ракун кој зборува, и Грут (Vin Diesel), хуманоидно дрво со неверојатни моќи и сила, но единствено што може да каже е Јас сум Грут.
Нивна главна цел е да го фатат Питер и сферата бидејќи е распишана голема награда за него. Но Ронан, по Питер испраќа и машина за убивање во форма на преубава и шармантна, но исто така зелена во буквална смисла Гамора (Zoe Saldana). Различни мотиви, желби, тајни како и случани настани ја спојува оваа група заедно (Питер, Гамора, Рокет и Грут), но исто така им се приклучува и уште еден чудак Дрекс (Dave Bautista). Нивното заедничко другарство понатаму ќе ги донесе во една неверојатно опасна авантура која може да значи и нивна смрт.
Најпрво треба да се пофали режисерот Џејмс Ган кој има завршено одлична работа. Бидејќи овој блокбастер ќе ве држи цели два и пол часа пред екран и без притоа да има било какви безпотребни работи или пак празен од. Едноставно како што почнува филмот така и како гледачи се навлекуваме на приказната и сакаме уште. Технички филмот изгледа совршено со импресивни визуелни ефекти, прекрасна фотографија и совршен приказ на планетите и вселената. Ликовите и маските се неверојатно живописни, додека музиката е посебна приказна. Се работи за поп работи од 80-ти кои на прв поглед изгледа дека никако не се поврзуваат со ваков тип на филмови, меѓутоа и тоа како се поврзуваат и му даваат посебен шмек на ова генијално остварување.
Сите актери имаат изнесено навистина добри ликови. Крис Прат кој можеби за сите изгледаше како неочекуван избор за главна улога на ваков голем проект сите скептичари ги демантираше и се надевам воодушеви. Но исто така потсетува и на Хан Соло од Војна на ѕвездите. Зое како Гамора, зелена убавица исто така е одлична, но не треба да се изостави и Дејв како Дракс.
Иако станува збор за фантастика едноставно ликовите ги гледате како тие играат им верувате дека тоа се навистина тие. Што се однесува до Рокит и Грут ова е навистина чудна комбинација која до сега се нема забележано.
На крај сакам да додадам дека освен неверојатната режија, музика, ефекти, актери и приказна, тоа што прави овој филм да остане засекогаш запаметен е тоа што е бескрајно забавен и пропратен со хумор низ целиот филм, но иако гледате големи борби, акција, експлозии, насмевката нема да ви се симне од лицето ни по завршувањето на филмот. Тоа е тоа што се бара од ваков филм, да ни се пружи незаборавно и забавно возење кое засекогаш ќе се памети.
| ТВ Пакет