Ова се насловите за сабота и недела на Прва
7 МИНУТИ – Сабота (29.07.2017), 20:30 часот
Американска трилер драма од 2014 година со Лук Мичел, Зејн Холц, Џејсон Ритер во главните улоги. Тројца очајни, млади луѓе се вовлечени во валканите планови на еден свиреп криминалец и шеф на нарко мафијата.
За да го отплатат долгот кон озогласениот гангстер тие се согласуваат да направат бесрамен грабеж. Тоа што на почетокот изгледа како едноставен план во траење од седум минути, набрзо ескалира во опасна игра на живот и смрт. Додека поминува секоја минута од грабежот, се откриваат вистинските мотиви, а неочекуваните пресврти сѐ повеќе земаат замав.
ЧУВАРИТЕ – Сабота (29.07.2017), 23:15 часот
Мистериозна авантура што се одвива во Америка во 1985, кога костимираните суперјунаци се дел од секојдневието на луѓето. Суперјунаците не се некои измислени ликови или урбани легенди, туку нормално живеат во општеството.
Затоа, на еден просечен Американец не му е чудно кога во подземната железница ќе сретне огнен човек или кога во продавница ќе ја види својата најдрага сосетка како жена-диносаурус. Но, се чини дека овие силни суперјунаци не се во можност да ги решат сите проблеми во државата. Во овој „храбар стар свет” живее еден маскиран суперјунак кој набрзо ќе ја доживее авантурата на својот живот. По убиството на поранешниот колега, овој храбар одметник открива голема тајна. Животите на сите суперхерои се во голема опасност!
СЕЛМА – Недела (30.07.2017), 20:15 часот
„Селма” претставува приказна за движењето на отпорот, тримесечен сериозен политички потрес во граѓанското општество на Америка во текот на 1965, кога д-р Мартин Лутер Кинг водел опасна кампања за да обезбеди еднакви гласачки права во борба против расистичкиот закон, кој луѓето со темна боја ги третирал како граѓани од втор ред и без право на глас. Со потпишувањето на Законот за гласачките права од страна на претседателот на САД, била извојувана една од најзначајните победи на движењето за човекови права.
Филмот е работен според литературно дело и е номиниран дури за 4 Златни глобуси: за најдобар филм, за најдобар режисер, за главна улога и за најдобра оригинална песна.
БЛЕКВЕЈ – Недела (30.07.2017) 23:15 часот
И за крај на викендот, трилер со Ентони Хопкинс, Џулија Стајлс, Реј Лиота. По долго време Лилијан се враќа дома, во родниот град во северозападна Америка, и сфаќа дека многу работи се измениле. Поранешниот полицаец, кој сега е шеф на една криминалистичка организација, почнува да ја прогонува. Шерифот ја советува да го напушти градот, но таа е цврсто решена да му се спротивстави.
Дани | ТВ Пакет