Почетна / Сапуници / Сулејман на Пакистански награди, Хурем доби подарок во Дубаи

Сулејман на Пакистански награди, Хурем доби подарок во Дубаи

 

Сулејман и Хурем уживаат во цената на славата

 

И покрај тоа што мега хитот “Величествениот” одамна заврши со снимање и прикажување, сепак главните актери се уште ги живеат моментите на славата, благодарение на оваа историска драма.

 

 

Халит Ергенч, односно Величествениот, беше во посета на Пакистан каде неговите серии “1001 ноќ” и “Величествениот” ги урнаа сите рекорди на гледаност. Таму, тој беше поканет за да врачи награда на “Lux Style Awards”, по што изјавил дека е благодарен на поканата и гостопримството на луѓето и новинарските екипи во Пакистан.

 

 

Неговата колешка Мерием Узерли, која достигна светска слава благодарение на Хурем, беше поканета во Дубаи и Катар. Причината за нејзината посета на овие арапски земји не е само успехот со нејзината улога на робинка и султанка, туку и нејзините бизнис односи со овие две земји.

 

 

Имено, убавата Германка, по потекло, претставува нова линија за мода и убавина, која наиде на одличен прием и во овие две земји. За подарок од дубаиските партнери, добила ѓердан вреден 150.000 лири.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!