Анхелес одлучува да се соочи со својата мајка и Густаво. Откако го преслушна разговорот помеѓу двајцата, девојката со завој на главата ќе се појави пред својата мајка и човекот кој го сака. Крајно повредена и изневерена, Анхелес ќе почне погрдно да и зборува на својата мајка. Му префлра на Густаво дека се наоѓа во таа положба поради него и потоа ја напушта собата.
Игнасио и признава на Трини дека имала право, дека Лусија има љубовник и дека истиот тој е Густаво Монтемар. Трини глуми изненаденост за да не биде откриена дека знаела цело време.
Лусија е загрижена бидејки никаде во болницата не може да ја најде својата ќерка.Густаво ја советува дека Анхелес е добро и дека сега кога сите знаат за нив никој нема да може да ја уништи нивната врска.
Скршена и понижена, со такси Анхелес доаѓа кај своето поранешно момче Дарио и го замолува да преспие кај него без никому да каже дека побегнале од болницата.
Сесилија го прашува својот брат дали се гледа со некоја девојка, а тој и вели дека не се гледа со ниедна но дека му се допаѓа нејзината другарка Моника.
Дарио ја теши својата поранешна девојка која очајно му признава дека срцето и е скрешно бидејки нејзината мајка е љубовница на човекот кој таа го сака. Дарио и признава дека таа заслужува некој што ќе ја гледа како капка роса и повторно и признава дека сеуште ја љуби. Анхелес го замолува да водат љубов, но бидејки не сака да водат љубов со завој на нејзината глава, решава самата да го извади истиот. Дарио е шокиран од промената и и вели дека како да гледа во друга девојка. Анхелес доаѓа до огледалото во бањата и сфаќа дека одразот е сосема поинаков.
Игнасио ја обвинува Лусија дека само таа е виновна за сите несреќи во куќата, особено за ситуацијата на Анхелес. Лусија бесно го истерува од куќата навредувајки го и велејки дека и е смачено за се да ја обвинува неа. Му вели дека куќата е нејзина и дека не сака повеќе да дели ист кров со човекот кој за скоро нема да и биде повеќе ниту сопруг.
Откако ќе го врати завојот на главата, Анхелес се враќа назад во болницата. Октавио и кажува дека татко и бил загрижен што ја немало цела ноќ а девојката немо не изустува ниту збор. Октавио е зачуден од молкот на девојката.
Игнасио доаѓа во станот кај Трини која пак се надева дека сега откако Лусија го истерала, ќе се почне да живее кај неа. Но Игнасио и вели дека тоа е само повремено додека не си најде свое место за живеење.
Лусија се јавува во болницата да праша за Анхелес и и паѓа товар од душата кога сестрата ќе ја извести дека Анхелес се вратила утрото.
Анхелес пребарува на интернет за луѓето кои како неа по пластична операција не личат повеќе на оние кои биле претходно.
Лусија ја известува својата мајка дека повеќе ништо не ја поврзува со Игнасио, дека за скоро ќе бидат и судски разведени и и признава дека се гледа со младиот хирург. Доња Инес и префрла на својата ќерка дека не и личи во тие години да се однесува како тинејџерка.
Сесилија, водена по тоа дека на нејзиниот брат му се допаѓа нејзината пријателка, им мести состанок на Диего и Моника.
Трини и дава подршка на својата сестра за разводот, а Лусија ладно и одговара дека не и треба подршка од личноста која го примила нејзиниот сопруг откако таа го исфрлила од дома.
Октавио дознава дека имотот на старата Марта не е ништо повеќе од мала фарма во Керетаро.
Игнасио ја посетува својата ќерка Анхелес која бара од него да најде голема куќа за живеење, известувајки го дека кога ќе излезе од болница сака да живее со него.
продолжува