Трајче Георгиев на чекор до финалето во “Пинк ѕвездички”
Најгледаното шоу во Србија и Црна Гора, “Пинк ѕвездички” се ближи кон големото финале кое ќе се одржи за две недели, на 26 јуни (петок) во 21 часот. Вчеравечер на Сител телевизија во живо беше емитувана првата полуфинална вечер, која траеше нешто помалку од пет часа.
За тие пет часа видовме извонредни настапи на малите но големи ѕвездички, по што почна гласањето во живо. Првиот пресек на гласовите беше направен кон крајот на емисијата при што двајцата кои имаа најмалку гласови од телевоутинг и излегоа од шоуто беа Миоград и Исмаил. Двајцата беа едни од ретките натпреварувачи кои пееја и фолк песни, па можеби поради тоа публиката на шоуто не ги подржа во првото полуфинале.
По излегувањето на двајца од кандидатите, гласањето продолжи и сеуште трае. Линиите за гласање се отворени и за Македонија се’ до петок кога ќе се направи вториот пресек и ќе излезат нови кандидати.
Дел од песните кои беа изведени на првото полуфинале беа Trouble with my baby, Nesanica, Bože brani je od zla, Je veux, Is this love, Adio, Kopriva, Nije ljubav stvar, Pogledi u tami, Oro и многу други. Нашиот Трајче вчеравечер ја испеа Impossible на Џејмс Артур со што повторно го воодушеви жирито.
Со гласовите од публиката, Трајче се пласираше и во второто полуфинале. За да го гледаме во големото финале, треба да продолжиме да гласаме за него со испраќање на СМС порака со текст “GLA 7” на 141 345. Mоже да се гласа од секој оператор во секое време, неограничено.
Дани | ТВ Пакет