Почетна / Телевизија / Пинк 15 згасна. Гледачите велат нема да им недостига!

Пинк 15 згасна. Гледачите велат нема да им недостига!

Македонската телевизија Пинк 15 повеќе не зрачи во етерот. Советот за радиодифузија донесе одлука да се одземе дозволата за работа. Причината е неплатен долг. Членот на Советот Замир Мехмети објаснил дека телевизија од типот на Пинк 15 воопшто нема да недостига во македонскиот етер.

Со него ќе се согласиме и ние кои, како телевизиски критичари постојано забележувавме пропусти во работата на оваа телевизија. Неколкумина од членовите барале да се одземе дозволата и на А2 поради тоа што емитувале музички спот несоодветен за малолетната публика.

Жал ни е што некој ќе остане без работа по оваа одлука на СРД, но време беше да се направи уште една “чистка” на македонскиот медиумски простор.



Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!