Почетна / Телевизија / „Топ тема“ вечерва : Едно ветија пред избори, друго реализираа

„Топ тема“ вечерва : Едно ветија пред избори, друго реализираа

 

Уште една остра дебата во најпознатата политичка емисија

 

Едно ветуваа пред избори друго реализираа откако ги избраа. Аеродром, Карпош, Бутел се само дел од Општините каде градоначалниците не ги исполнија ветувањата за градбите и урбанизмот. Зошто само Центар успеа да стави мораториум за градби? Зошто ДУПОвите се обврзни за некои а за други не? Кој го штити граѓанинот и неговиот простор за живеење? Што предвидувале планерите а што всушност се гради на терен? Жителите на некои населби револтирани и разочарани !

 

 

Вечерва во Топ Тема на Ваша страна на оваа тема дебатираат : Јана Белчева Андреевска Преседател на Советот на Општина центар, Иван Кокалановски Раководител на Секторот за урбанизам во општина Аеродром , Иван Арсовски Агенција за просторно планирање професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет. Гледајте Топ Тема На Ваша Страна во 19.15 на Телма со Снежана Лупевска Созен .
Tоп тема прашува : Како е загрозен вашиот простор ? Има ли злоупотреби во урбанизмот? Кои ветувања не ги исполни вашиот градоначалник? Вашите прашања поставете ги на официјалната ФБ страна на емисијата.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!