Турскиот актер и модел во нова улога на заводник
Популарниот турски заводник Бурак Озџивит, познат како Бали Бег од “Величествениот” и Ќамран од “Дневникот на Фериде”, се враќа на малите екрани. На радост на женскиот дел од гледачката публика, овој маркантен турски актер се враќа со главна улога во новата хит серија “Карасевда”.
Бали Бег ќе ги добие воздишките на гледачките, но овојпат во една модерна и возбудлива љубовна драма. Неговата борба за бескрајната љубов ќе ги воодушеви девојките, а големата тага по саканата Нихан ќе ги насолзи вашите очи.
Не пропуштајте го стартот на “Карасевда” – ексклузивно на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет