📅 вторник, 15 ноември
⏰ 00.00 – Луди богати Азијци
Рејчел Чу е кинеско-американска Њујорчанка која патува во Сингапур со своето момче Ник Јунг на венчавката на неговиот најдобар пријател.
Таа е возбудена што за прв пат оди во Азија, но истовремено е нервозна поради средбата со семејството на Ник. Рејчел е неподготвена кога дознава дека Ник заборавил да ѝ каже неколку клучни детаљи од неговиот живот. Излегува на виделина дека тој не само што е наследник на едно од најбогатите семејства во Азија, туку и дека е најпосакуван ерген.
Како девојка на Ник таа станува цел на љубоморните богати девојки, и што е уште полошо, мајка му на Ник нивната врска не ја одобрува. Наскоро станува јасно дека иако со пари љубовта не може да се купи, сепак парите можат многу нешта да компликуваат.
Дани | ТВ Пакет