Нова преработка на “Јовано, Јованке”
“Кога ќе се спојат два света наизглед неспоиви….кога подобро ќе размислиш сите ние сме исти… Ништо не е случајно, како што не е случаен ни овој момент со мојoт драг пријател Ron Holsey. Чудни работи се случуваат на Балканов и среќна сум што сме баш ние сведоци на тоа…” – напиша Тијана Дапчевиќ на својот ФБ профил по објавата на новата преработка на “Јовано, Јованке”.
Оваа македонска народна песна со сосема поинаков звук деновиве интензивно почна да се пушта на македонските и српски радио станици, а препеана од Тијана и нејзиниот пријател од Америка, Рон.
Во продолжение погледнете ја оваа специфична интерпретација, во која Американецот сосема течно и емотивно ја пее легендарната наша песна :
Дани | ТВ Пакет