“Купувањето е мојот живот” на кабловската тв TLC
Oд денеска (сабота) на TLC каналот започнува нов премиерен серијал во кој ја следиме стилистката Феј Сојер и советникот за личен развој Ник Џенкел кои ги соочуваат луѓето кои опсесивно купуваат со нивниот најголем проблем.
Во сабота, 16 мај од 20 часот не ја пропуштајте првата епизода во која се запознаваме со 36 годишната информатичарка Ники Мур. Ники е зависник од висока мода, електроника и луксуз. Покрај нејзиниот гламурозен стил на облекување и луксузен начин на живот, Ники од животот очекува повеќе. Дали може да и се помогне? Што сè оваа зависничка од купување има купено во само година дена, на кои парчиња од гардеробата се уште им стои етикетата и зошто продолжува со навиката ни откриваат Ник и Феј.
Во другите епизоди ќе се запознаеме и со Луис Хендри која е одлучна во обидот да ги промени своите купувачки навики откако открива дека за една година ја има потрошено својата годишна плата од 15 илјади фунти само на облека.
Но, не само жените го имаат овој проблем. Енди Николау троши неверојатни 100 илјади фунти на екстравагантни подароци, нови автомобили и дизајнерска облека. Иако навидум се чини дека Анди има сè што ќе посака, вистината е потполно друга. Тој само сака вистинска љубов, а таа неможе да се купи со пари.
Дали овие луѓе ќе успеат повторно да преземат контрола врз своите финансии?
Дани | ТВ Пакет