Почетна / Сапуници / Фото | Онур и Шехерезад се враќаат во нова заедничка серија

Фото | Онур и Шехерезад се враќаат во нова заедничка серија

 

Популарните турски сопружници во нова заедничка драма

 

Овој месец во Турција започнува нова долгоочекувана драмска серија во која главните улоги ги толкуваат Халит Ергенч и Берѓузар Корел, познати на македонската публика по улогите на Онур и Шехерезад во најгледаната програма досега “1001 ноќ”.

 

 

Како што веќе знаете, Халит и Берѓузар се во брак и приватно, а по “1001 ноќ”, настапуваа во неколку одделни серии. Па така Берѓузар ја гледавме како судијката Фериде во “Карадај” и пејачката Фераје во “Мојата тажна песна”, додека пак Халит стана светски популарен по улогата на султан Сулејман во “Величествениот”.

 

 

И сега, по 7 години откако заврши “1001 ноќ”, двете најголеми турски ѕвезди повторно во заеднички проект. Се работи за историската серија “Ти си мојата татковина” чии права на емитување веќе ги откупи РТЛ Хрватска, а и останатите телевизии во регионот пројавија веднаш интерес.

 

 

Новата нивна серија ја раскажува приказната за војникот Џевдат и неговата храбра жена Азизе. Додека мажот е во војна бранејќи ја нивната татковина, таа, сопругата и мајка на три деца, не бира средства за да се избори со сите потешкотии кои им ги носи судбината. Крајот на војната го враќа нејзиниот сакан маж дома и тогаш започнува нова ера во нивните животи.

 

 

Во сенката на новите непријатели, животите повторно ќе им се вкрстат. Тие во еден момент ќе бидат победници, во друг поразени, ќе доживеат да бидат разделени и повторно сплотени. Двајцата ќе мора да се изборат за својата татковина, за должноста и свеста во едни бурни времиња, станувајќи дел од една немилосрдна борба за љубов, слобода и правда.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!