Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (16-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (16-то продолжение)

Тоа попладне на фазендата, сонцето создаваше позлатена светлина, која ги правеше нештата поубави и поголеми за човековот око. Лукреција влезе во пространата библиотека за да земе еден француски роман, кога пријде до прозорецот и длабоко воздивна гледајки ја магичната глетка пред себе. Дури ни таа, која беше љубител на гратскиот живот, големите булевари и барови, не можеше да биде имуна на тоа магично попладне. Го отвори прозорецот и го почуствува мирисот на земјата.
Надвор, неколку пеони ги завршуваа дневните обврски. Меѓу нив и Антенор, сопругот на Марија Грација, отседла еден пастув и го принесе до својот зет, Енцо, чии златни коси делуваа како прочистено злато на сонцето.

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 16 – „Љубовно писмо“

 

Тоа попладне на фазендата, сонцето создаваше позлатена светлина, која ги правеше нештата поубави и поголеми за човековот око. Лукреција влезе во пространата библиотека за да земе еден француски роман, кога пријде до прозорецот и длабоко воздивна гледајки ја магичната глетка пред себе. Дури ни таа, која беше љубител на гратскиот живот, големите булевари и барови, не можеше да биде имуна на тоа магично попладне. Го отвори прозорецот и го почуствува мирисот на земјата.
Надвор, неколку пеони ги завршуваа дневните обврски. Меѓу нив и Антенор, сопругот на Марија Грација, отседла еден пастув и го принесе до својот зет, Енцо, чии златни коси делуваа како прочистено злато на сонцето.
– Газдата ми даде дозвола да ти го дадам коњот, – рече Антенор подавајки му ги уздите од животното на Енцо. – Кога си одиш?
– Рано наутро, – кратко одговори.
– И зошто ти е коњ?
– За да се поздравам со Кристина, – одговори Енцо, не криејки ја љубовта кон својата помлада сестра. – Знаеш ли каде можам да ја најдам?
– Прашај во селото, сигурен сум дека секој ќе знае да ти каже каде да ја ндјдеш, – саркастично одговори Антенор, џвакајки сламка меѓу забите.
Енцо не одговори ништо на ваквата забелешка од страната на својот зет, само се качи на животното и одјава во правец каде што сонцето заоѓаше.

Пролеа две капки восок врз хартијата за да ги спои двата агли на пликото па семејниот печат цврсто го притисна врз восокот кој полека стекнуваше форма. Естер почуствува дека повеќе не е сама во собата, па го затскри писмото под масичката. Длабоко воздивна кога ја забележа Моналиса на прагот.
– Сте ме барале, госпоѓо.
– Да, Моналиса, влези. Сакам да те замолам за услуга. Сакам да му го предадеш ова писмо на твојот вујко Енцо.
– На мојот вујко?, – зачудено праша девојката. Не можеше ни да претпостави со својата бујна фантазија за што се работи.
– Да, но те молам да бидеш дискретна. Не сакам никој да дознае. Ова е лично. Се надевам дека ќе знаеш да ја чуваш мојата тајна.
– Секако, госпоѓо Естер…Но, зар не смеам да и кажам ниту на мојата мајка?
Естер добро знаеше дека девојката нема тајни од Марија Грација, дека се блиски како што таа никогаш нне била со својата ќерка Елиса.
– Никому, – и потенцираше. – Заколни се.
– Се колнам.
– Тогаш оди, – додаде Естер, подавајки и ја хартијата на девојката. – Сакам да го прочита пред да си оди.
Девојката го смести писмото во џебот на престилката, направи чекор кон вратата, кога повторно го слушна гласот на својата господарка.
– Моналиса…Ти благодарам што си толку добра кон мене, – и се заблагодари од се срце.
– Јас сум благодарна за се што правите за мене, – низ насмевка рече ќерката на готвачката пред да ја напушти просторијата.

Кога Моналиса влезе во собата на својот вујко, сончевите краци ја осветлуваа постелата, но немаше знаци дека тој е тука. Го смести писмото под јастукот и излезе од собата.

Анибал нервозно ја чекаше Алис на тремот, откако прати една од слугинките по неа. Во рацете ја вртеше шапката, барајки начин како да го започне разговорот. Почуствува сенка од својата лева страна.
– Си сакал да разговараш со мене, – започна девојката, преминувајки на главното. – Што се случило?
– Алис, не знам дали знаеш, но нашите родители одлучиле да ја убрзаме венчавката.
– Како?, – кратко но доволно гласно праша девојката, чии зеници широко се раширија.
– Одлуката е донесена и ние мораме да ја прифатиме, – додаде Анибал, чуствувајки солена пот како му тече од лицето.
– Слушај, Анибал…Да бидеме искрени. Никој од нас двајца не е заинтересиран за овој брак. Не се ни сакаме…
– Она што ние го чуствуваме, нема никакво значење.
– Мислиш дека ќе дозволам други луѓе да ми ја коваат мојата иднина? Грешиш ако мислиш дека сум само уште едно животно од шталата, – доволно бесно додаде Алис, подготвена да го заврши разговорот и да ја напушти верандата, но Анибал ја повлече нејзината рака.
– Алис, сакале или не, ќе мораме да се согласиме со волјата на нашите родители.
– Не ми зборувај како да сум имбецил, – низ заби како змија која фрла отров, процеди девојката. – Имам многу посилен карактер одошто си мислиш, Анибал. Дури и поцврст од твојот, – додаде девојката ставајки крај на дискусијата. Се повлече од тремот пред Анибал да успее да каже било што.

Естер беше страшно загрижена за својата ќерка, бидејки помина цело претпладе како што ја немаше Елиса на хациендата. Барајки ја низ собите, наиде на Лукреција, која читаше роман во својата соба.
– Си ја видела ли мојата ќерка?
– Не…Кога ќе размислам, ја немам видено по појадокот.
– Чудно. Каде ли може да е?
– Сигурно е со Алис и Анибал некаде, – одговори Лукреција, затворајки ја книгата. – Зборував со Фаусто и решивме да ја убрзаме венчавката, – додаде полна со елан.
– Добро, – кратко одговори Естер, иако знаеше дека таа вест нималку нема да го израдува нејзиниот син.
– Дојди, седни до мене, – рече Лукреција, подавајки и ги рацете на својата роднина. – Сакав да разговарам со тебе, Естер.
– За што?
– Пред се сакам да ти побарам извинување. Да се извинам што ти се мешав во приватниот живот, знам дека тоа не е моја работа.
– Простено, – низ насмевка и одговори Естер. – Ти простувам бидејки знам дека си добра личност.
– Се обидувам, иако не секогаш ми успева.
– Кога разговарам со тебе, се чуствувам жива. Ајде да одиме на вечера.

Енцо јаваше во правец кон селото. Требаше само да се прости од својата сестра Кристина пред да замине засекогаш. Но, одеднаш нешто го привлече неговото внимание. Погледна кон езерото покрај патот и забележа труп како плоти на водата. Слезе од коњот и потрча кон водата. Трупот беше на жена, чие лице беше во водата, а телото и лебдеше безживотно. Ја зеде во своите цврсти раце и само што и ја заврте главата кон себе, забележа дека в раце ја држи ќерката на Естер. Елиса даваше слаби знаци на живот кога Енцо ја спушти на брегот и почна да и дава вештачко дишење…

продолжува во среда…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!