Секоја сабота на телевизија 24 – нов серијал емисии
Освен ново лого и 30 минути дневна доза од српска серија, гледачите и не видоа ништо друго од ребрендингот на телевизија 24. Информативната програма од вести, дебати, анализи и емисии останаа главен дел од оваа информативна телевизија. Па така, дел од програмата станува и нов серијал, кој ќе се емитува секоја сабота во 20.30 часот. “Пратеник од доверба” е во реализација на здружението за медиумска и комуникациска култура и граѓански права „Реформатор“.
Серијалот е снимен во шест града, од шестте изборни единици, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Струмица и Охрид, со различни профили на соговорници, поранешни пратеници, граѓански активисти и јавни личности од културниот и спортскиот живот.
Целта на „Пратеник од доверба” е да ја едуцира јавноста за значењето на функцијата пратеник и да се обезбеди подобра врска меѓу граѓаните и законодавниот дом и со тоа да се подобри квалитетот на претставничката демократија во Република Македонија.
Дани | ТВ Пакет