Саботна вечер на Сител со култните камионџии
“Камионџии” е популарен југословенски филм, кој вечерва (сабота, 25 февруари) ќе се емитува на Сител телевизија со почеток во 21.15 часот. По режија на Мило Џукановиќ и сценарио на Гордан Михиќ, филмот е снимен поради огромната популарност на серијата “Камионџиите повторно возат”.
Легендарните камионџии Паја и Јаре одат во пензија. Едвај го чекаат денот кога ќе ги остварат своите соништа. Паја сака да живее во својот брод на Сава, а Јаре да ги поминува деновите во својата градина позади куќата. Но, како и секогаш, соништата се едно, а реалноста нешто сосема друго.
Миодраг Петровиќ Чкаља ќе го гледате во улогата на Јаре, а Павле Вушиќ во улогата на Паја. Камионџиите од шоферскиот занает
Дани | ТВ Пакет