Почетна / Сапуници / Бугарите наплаќаат по 6000 евра реклама за време на турска серија

Бугарите наплаќаат по 6000 евра реклама за време на турска серија

 

6.200 евра чини реклама за време на султанката “Косем”во Бугарија

 

Турските серии очигледно 10 години по ред се најбараната, најгледаната и најскапо платената телевизиска програма на балканските телевизии. И по скоро 10 години емитување, тие се на врвот на гледаноста во Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Хрватска.

 

 

Најгледаниот термин на бугарските телевизии е терминот од 20 часот кога се емитува турска серија на бугарската телевизија bTV. Па така, доколку некој сака да се рекламира за време на турската серија на оваа телевизија, треба да плати 6.000 евра за 30 секундна реклама. Во моментов се емитува “Не се откажувам!”, а за една недела продолжува историската драма “Косем” кога огласувачите треба да платат и над 6 ијади евра доколку сакаат нивниот производ да се рекламира во терминот на Косем.

 

 

За време на турски серии кои не се емитуваат во прајмтајм, цените за рекламирање се пониски. Па така, во Бугарија реклама за време на емитување на “Вљубениот ерген” чини над 1500 евра, а за време на “Карасевда” триесет секунди ќе ве чинат 600 евра. На конкурентската Nova, цените за рекламирање за време на турски серии не се така високи, но затоа пак се високи цените за реклама во реално домашно шоу.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!