Малата Мелек вози кола ?
8 – годишната актерка Берен Ѓоколдиз ги впери погледите на публиката кон малите екрани во времето кога се емитува турската мелодрама “Се викав Мелек”. Во серијата, Берен ја толкува улогата на Мелек, малото девојче со несреќна судбина која е во потрага по трошка родителска љубов и токму нејзината глума беше причина актерката да добие многу позитивни критики и награди во Турција.
Но, она што особено привлече внимание последниве денови се фотографии во кои Берен е зад волан. Се прашуваа гледачите дали толку мало девојче може да вози и зошто тоа се дозволува? Всушност, се работи за сцена од новата серија на малата актерка во која таа и нејзиното другарче со заеднички сили ќе ја возат полициската кола. Сцената ги насмеа турските гледачи, откако претходно убаво ги исплаши.
Дани | ТВ Пакет