Алфа продолжува со репризи. Следна на ред, по којзнае кој пат – македонската “Приказни од животот”
“Истражувањата покажаа дека публиката најмногу сака да ја гледа реалноста на тв екраните. Во самата природата е на човекот да сака да „ѕирне“ во туѓите животи и да ги спореди со својот. Надевајќи се дека на тој начин ќе научи повеќе за животот и како да се справи со ударите кои ги носи. Тоа се приказни од животот, кои можат секому да му се случат, не постојат исклучоци, животот е суров. Затоа сме сигурни дека вниманието на гледачите ќе биде на високо ниво, бидејќи ништо не е попривлечно од суровата реалност.” – изјави Алфа пред да започне со емитување на серијата во 2014 година.