Почетна / Телевизија / Во српско реално шоу на Пинк, дел од учесниците ќе биде и бебе

Во српско реално шоу на Пинк, дел од учесниците ќе биде и бебе

 

Скандал – сопствениците на Пинк внесуваат бебе на фармата

 

Последната вест која доаѓа од Пинк телевизија ја разбранува српската јавност. Имено, за неколку дена на розовата телевизија покрај десетици турски серии кои ги емитуваат секојдневно, започнува и ново реално шоуа “Задруга”, налик “Фарма”.

Како и во Фарма, така и во Задруга ќе има буквално сѐ и сешто. Учесници од најнизок ранг – старлети, пропаднати пејачи, риалити фаци. Но, она кое прв пат се случува е тоа што Митровиќи, сопствениците на Пинк во куќата во реалното шоу внесуваат осум месечно бебе.

 

 

Веста ги шокираше сите во Србија. Контроверзниот брачен пар Митровиќ наводно пред некој период го посвоиле ова бебе со цел да го внесат во реалното шоу, и се обврзуваат дека на детето нема ништо да му фали во текот на шоуто и дека ќе биде заштитено од сѐ што ќе се случува на имотот.

 

 

Српските медиуми веќе шпекулираат дека се појавиле и биолошките родители на бебето кои се во преговори за влегување на имотот, а има и такви шпекулации кои говорат дека Пинк планира да го израсне детето пред тв камерите, односно тоа да биде дел од реалните шоуа кои ќе ги емитуваат во наредните 18 години.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!