Почетна / Серии / Италијанската крими серија „Антимафија тим“ во 17 часот на Телма

Италијанската крими серија „Антимафија тим“ во 17 часот на Телма

 

“Squadra antimafia – Palermo oggi” на Телма телевизија

 

 

На што се подготвени две жени за да ја спречат немилосрдната борба која престои меѓу мафијашките фамилии во Италија? Борбата по криминалот и желбата за правда низ 128 продолженија ќе ги води токму овие две жени во новата италијанска драма на Телма – “Антимафија тим”.

 

 

Центарот на дејството на овој процедурал е во Палермо, градот во кој е уапсен Бернардо Провезано, последниот кум на мафијата и крал на подземјето. И сега, кога неговата моќ е пресечена, постои опасноста дека некој друг ќе застане на чело на “Коза Ностра”. Моќните мафијашки семејства се подготвени за борба за власт и превземање на кланот, но тука е “Антимафија тим”, новиот формиран оддел за борба против криминалот и спречување на злосторствата.

 

 

Заменикот шеф на полицијата, Клаудија е повикана да се приклучи во тимот Антимафија, кој го води Стефано. Но, по неговото убиство, за тимот Антимафија повеќе нема место и простор за пропусти и допуштања – во игра е буквално се’. Тимот за борбата против мафијата ќе мора на секој можен начин да ја спречи динамиката на мафијашките семејства и нивните цели и активности, па макар да се служи и со шифрирани пораки, прислушкување на телефони, сателити и софистицирани шпионски технологии.

 

 

Покрај Клаудија, се запознаваме и со младата Роси, која од Америка доаѓа во Италија на својата свадба. Таа е дел од семејството кое се смета за најстар криминален клан во Италија и кои се на мета на полицијата. Но, по нејзиното враќање, ја очекува нешто неочекувано. Дали сега таа ќе биде приморана да се вклучи во тимот на Антимафијата и да застане против сопственото семејство?

Главните улоги ги толкуваат Luca Angeletti, Antonella Attili, Antonino Bruschetta, а серијата на Телма започнува во вторник (11 април) и ќе се емитува секој работен ден во 16.55 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!