Секое утро во 10.35 часот – реприза на Петко на Прва
Петко, Лина, Цветко и Комшо секојдневно ги учеа дечињата на здрава исхрана, ја подигнуваа еколошката свест и ги насочуваа најмладите на позитивно однесување во последната сезона која се емитуваше на Македонската телевизија.
Емисијата “5 плус” е интерактивен тип емисија со забавно едукативен карактер, комбинација од тематски емисии со интересни гости и интерактивни игри наменети за деца. МТВ веќе стана препознатлива со Алфа како телевизии кои постојано репризираат содржини, па така ред дојде и за оваа домашна серија.
Покрај водителот, во емисијата има и маскота – кучето Петко. Маскотата има активна улога во емисијата и служи како поддршка на водителот при водењето на емисијата. Ликот на Петко е конструиран на начин кој овозможува лесна идентификација на децата со него, а крајната цел е децата да присвојат дел од позитивните навики кои ги промовира Петко.
“5 плус” е образовна иницијатива со намера да ја подобри реалноста и да создаде нов медиумски простор кој ќе образува и забавува.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат и откриваат, да ги остварат сопствените можности.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат и откриваат, да ги остварат сопствените можности.
Дани | ТВ Пакет