Почетна / Живот / 14-тата сезона од „Дилери на автомобили“ на Дискавери во сабота

14-тата сезона од „Дилери на автомобили“ на Дискавери во сабота

 

19 часот на Дискавери, време за “Wheeler dealers”

 

Новиот механичар Ент Енстед и експертот за проценка на вредност на автомобили Мајк Бру, пронаоѓаат, поправаат и продаваат обновени автомобили во новата сезона која ќе започне да се емитува од оваа сабота во 19:00h на  DiscoveryChannel.

 

 

BMW E9 од 1972., Alfa Romeo Spider Quadrifoglio од 1987, Ford Mustang Mach 1 од 1973., Austin Healey 3000 BJ8 Mark iii Phase 2 од 1965., Jeep Wagoneer од 1988., Saab 96 од 1973., Toyota Supra P  од 1982. – ако веќе знаете за какви автомобили станува збор, тогаш знаете дека не смеете да ја пропуштите премиерата на серијалот на Discovery Channel. Четиринаесеттата сезона од серијата Дилери на автомобили (Wheeler Dealers) почнува да се емитува од 16 Декември, сабота од 19 часот.

 Овој пат на експертот за проценка на автомобили Мајк Бру, му се приклучува и механичарот Ент Енстед. Мајк и Ент соработуваат скоро 10 години, а сега за прв пат заедно работат во популарната серија за автомобили. Мајк како и обично оди во потрага по стари германски, шведски, британски, италијански, јапонски и американски автомобили кои Ент  мора да ги поправи и реставрира. Средениот автомобил на крај треба да се продаде, а притоа и да се оствари некаква заработка.

 

 

 Новата сезона се отвара со 70- минутна епизода во која Мајк купува Ford Escort RS Cosworth од 1995 година. Cosworth е исклучително тешко да се најде во Америка, со оглед на тоа што само 25 коли се увезени во САД, а од тие 25 само 12 се регистрирани за возење. Првично дизајниран да ги исполни условите за Светскиот рели шампионат, Cosworth стана опсесија на бројни тркачи во рели низ целиот свет.  Поради тоа, на  Ент не може да поверува на своите очи кога Мајк во неговата работилница ќе донесе Cosworth,  па веднаш се фаќа за работа како би ѕирнал под хаубата и би ги открил тајните на моторот.

 

 

 Во секоја епизода од серијата “Дилери на автомобили”, Мајк оди во потрага по возило за најповолна цена- бара листи на огласи, истражува онлајн аукции, авто-мото клубови и гаражи пред да купи автомобил. Ент ја презема работата од моментот кога Мајк го паркира автомобилот во неговата работилница и веднаш ги дијагностицира проблемите со моторот, каросеријата, електрониката и внатрешноста на автомобилот. Ент на гледачите им го објаснува секој чекор додека го поправа автомобилот, сѐ дур автомобилот не изгледа како нов. Кога поправката е завршена, Ент и Мајк го тестираат возилото пред да го продадат на следниот сопственик кој ќе го чува и цени онака како што автомобилот заслужува.

Главната задача на серијата е да ги охрабри ентузијастите и вистинските вљубеници во автомобили, да се здобијат со повеќе информации и знаење за да можат самите да ги решаваат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!