Почетна / Сапуници / Инфо | Романтичната комедија за „Вљубениот ерген“ на летна пауза

Инфо | Романтичната комедија за „Вљубениот ерген“ на летна пауза

 

Ергенот на летување, по одморите очекувајте го повторно со вас

 

Серијата која ја одбележа минатава телевизиска сезона – “Вљубениот ерген” оди на летна пауза. Вчеравечер на Сител телевизија беше емитувана последната епизода од првата сезона на романтичната комедија за Омер и Дефне, а од понеделник во тој термин се враќа хрватската сага “Златни двори” во 22 часот.

 

 

Омер и Дефне станаа најзборуваниот телевизиски пар изминативе месеци во Македонија. Немаше некој, а да не го знае Ергенот и неговата сакана. Нивните љубовни игри и заводливи погледи ги освоија македонските гледачи, а поради огромниот успех кој го има серијата на Сител, интерес за нејзино прикажување пројавија и останатите телевизии во регионот, меѓу кои и српска Прва.

 

 

Вашиот Омер се враќа на малите екрани во втора сезона веќе по летните одмори, а дотогаш може да ги следите новите возбудливи турски приказни “Мојот син” и “Повторно роден” на Сител телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!