“Шерлок Холмс” – дел од Телма репризите
Меѓу многутте репризни серии на Телма, место доби и “Шерлок” која репризно ќе се емитува oд понеделник до петок во 16 часот. Новата верзија на Шерлок Холмс сместена во сегашно време е новата BBC-ева квалитетна изработка. Серијата е интересна и модерна детективска приказна со старите и познати јунаци, предводена од дигирентската палка на великанот Стивен Мофат.
Мофат својот Шерлок го стави во сегашноста, потез кој одлично му тргна, бидејќи со силна верзија и интерпретација, Мофат успеа да не ги претвори своите ликови во карикатури, а случаевите се доволно интересни да го оправдат подолгото времетраење на епизодата (90 минутна). Серијата е добитник на БАФТА за 2011 за најдобра драмска серија.
Мофатовиот Шерлок е ексцентричен лик, на границата на Асперговиот синдром; крајно интелегентен тип со прилични проблеми во социјалната интеракција. Бенедикт Камбербач (кој го толкува неговиот лик), фантастично се “изгуби“ во улогата и задоволство е да се гледа како ги решава случаевите поставени пред него. Неговиот партнер Др. Вотсон, е човек кој му се восхитува на Шерлок, но и го спушта назад на земјата кога е потребно.
Британската серија за славниот детектив Шерлок Холмс и неговиот пријател Џон Вотсон, како легендарни ликови на британскиот писател Артур Конан Дојл, е една од најдобрите и најгледаните телевизиски адаптации за овој генијален разрешувач на најкомплицираните криминални дела. Оваа серија со харизматичниот Бенедикт Камбербач како Шерлок, и Мартин Фримен како Вотсон, се прикажува со невиден упсех во над 180 земји во светот. Кај нас првите две сезони се емитуваа на Алфа телевизија, за потоа целата серија од три сезони да ги емитува Телма.
Дани | ТВ Пакет