Саботна вечер со Сталоне, недела уште еден трилер на Сител
Вечерва на Сител телевизија во 21.15 часот ќе се емитува американската драма акција “Затвореник” со Силвестер Сталоне и Доналд Сатерленд во главните улоги. Познатиот Рамбо овде го толкува ликот на затвореникот Френк кои ги минува последните денови зад решетки, издржувајќи ја казната за мало кривично дело.
Сосема ненадејно, одеднаш е испратен во комплетно поинаков затвор од овој каде што бил досега. Затвор, кој го нарекуваат пекол на Земјата. И сето тоа по вина на управителот кој сака да му се одмазди на Френк за срамот кој го доживеал заради него.
За критиката ова е една од најдобрите перформанси на Сталоне, а пофалби доби и Доналд Сатерленд во улогата на садистичкиот управител на затворот.
Во недела, пак, точно во 21 часот Сител ќе емитува уште еден крими трилер, овојпат “Ранет полицаец” од 2013 година. Во главните улоги ќе ги гледаме Stephen Dorff, Dominic Purcell, David Boreanaz, AnnaLynne McCord, Souljaboy.
Во обид да го исчисти својот живот од валканото минато, корумпиран полицаец се обидува да го пронајде напаѓачот на млади жени во еден ноќен клуб. Но, сенките од минатото ќе го вовлечат во мрежа со фатален крај. Недела, по “Заборави ако можеш” Стивен Дорф во трилерот “Officer down”.
Дани | ТВ Пакет